User Guide

- 8 -
Подготовка за употреба
Дел за бебето
Поврзете го адаптерот за напојување со уредот за бебето и ставете го
адаптерот во штекер.
Уред за родителот
Уредот за родителот се напојува од литиум-јонска батерија на
полнење.
Следете ги чекорите подолу за да го наполните уредот за родителот:
Поврзете го адаптерот за напојување со уредот за родителот и
ставете го адаптерот во штекер.
Индикаторот за статус на батеријата ќе почне да свети во
портокалова боја за да посочи дека уредот се полни.
Забелешка: Кога уредот за родителот е исклучен и адаптерот
за напојување е приклучен на уредот за родителот, екранот
се вклучува и се појавува иконата за полнење на екранот за
да прикаже дека уредот се полни. По 5 секунди, екранот ќе се
исклучи.
Кога батеријата ќе се наполни целосно, индикаторот за статус на
батеријата ќе почне да свети континуирано во зелена боја.