User Guide

- 6 -
- Заштитете го кабелот за напојување за да не се гази врз него или
да не биде приклештен, особено кај приклучокот, штекерот и
местото каде што излегува од уредот.
- Поставете го мониторот за бебе на начин на кој неговиот
кабел нема да пречи на некој влез или премин. Ако го ставите
мониторот за бебе на маса или ниска комода, не дозволувајте
кабелот за напојување да виси од работ на масата или комодата.
Не го оставајте кабелот на подот каде што ќе претставува ризик од
сопнување.
- Чувајте ги материјалите од пакувањето (пластични ќеси, картони
итн.) каде што нема да бидат на дофат на децата, бидејќи тие не
се играчки.
- За да не предизвикате електричен удар, не го отворајте куќиштето
на апаратот за бебето или апаратот за родителот.
Упатства за безбедност на батеријата
- Производот користете го само за неговата предвидена намена.
Пред да го користите производот и неговите батерии и додатоци,
внимателно прочитајте ги овие информации и зачувајте ги за
идни потреби. Неправилното користење може да доведе до
опасни ситуации или сериозни повреди. Испорачаните додатоци
може да се разликуваат во зависност од производот.
- Користете само оригинални додатоци и потрошни материјали од
Philips. Користете ја само отстранливата единица за напојување од
серијата ASSA105x-050100 (x = B, C, E или J).
- Полнете, користете и складирајте го производот на температура
помеѓу 0 °C и 40 °C.
- Држете ги производот и батериите подалеку од оган и не
изложувајте ги на директна сончева светлина или на високи
температури.
- Доколку производот премногу се загрее или почне да мириса, ја
промени бојата или ако полнењето трае подолго од вообичаено,
престанете со користењето и полнењето на производот и
контактирајте со Philips.
- Не ставајте ги производите и нивните батерии во микробранови
печки или индукциски готвачи.
- Немојте да го отворате, изменувате, продупчувате, оштетувате
или расклопувате производот или батеријата за да спречите
батериите да се загреат или да испуштат отровни или опасни
супстанции. Немојте да им правите краток спој на батериите,
прекумерно да ги полните или да ги полните со обратен
поларитет.
- Ако батериите се оштетени или протекле, тогаш избегнувајте да
ги допирате до кожата или очите. Во случај на контакт, веднаш
исплакнете го местото на контакт со вода и побарајте медицинска
помош.