User Guide

- 30 -
КАКО ДА ГИ КОРИСТИТЕ / ПОВРЗЕТЕ ДЕЛОВИТЕ
Уредот за родителот не
реагира, што треба да
направам?
Уредот за родителот може да го ресетирате со истовремено
притискање на копчето за вклучување/исклучување и
навигациското копче за надолу приближно 1 секунда. Уредот за
родителот ќе се исклучи. За да повторно да го вклучите уредот за
родителот, притиснете на копчето за вклучување/исклучување уште
еднаш. Специфичните кориснички податоци што се зачувуваат во
меморијата на уредот за родителот, како што се времето, режимот
на користење, поставките за светлина, јачината на звукот, изборот на
смирувачки звук и изборот на зумирање ќе се задржат.
ИНДИКАТОРИ НА Уредот за родителот
Прашање Одговор
LED-индикаторот за
батеријата свети во
црвена боја. Што треба
да направам?
Енергијата во батеријата е на мало ниво. Ако не го приклучите
уредот за родителот на струјната мрежа кога LED-индикаторот
за батеријата свети во црвена боја и кога ќе слушнете звучен
сигнал, тогаш тој ќе престане да функционира откако ќе изминат
приближно 60 минути.
Намалете ја светлината и/или јачината на звукот за да ја намалите
потрошувачката на енергија и поврзете го уредот за родителот
на струјна мрежа преку адаптерот за напојување. (погледнете го
поглавјето „Подготовка за употреба“).
Зошто уредот за
родителот генерира
звучен сигнал?
Вашиот монитор за бебе генерира различни звучни сигнали за да ве
извести дека има проблем.
1 титкање: уредот за родителот е исклучен.
1 титкање, се повторува на секои 10 секунди во првите 3 минути, а
потоа на секоја минута: батеријата на уредот за родителот е слаба.
1 титкање на секои 20 секунди: врската помеѓу уредот за родителот
и уредот за бебето е прекината, а на екранот на уредот за родителот
се прикажува икона за поврзување и копчето за воспоставување
врска свети во црвена боја.
Што означува бојата
на LED-индикаторот
за батеријата (зелена,
портокалова, црвена)
или што значи кога LED-
индикаторот не свети
за статусот на мојата
батерија?
Кога уредот за родителот е приклучен на струјната мрежа, бојата на
индикаторот за батеријата укажува на следното:
* Зелена: батеријата е полна.
* Портокалова: батеријата се полни.
Кога уредот за родителот не е приклучен на струјната мрежа, бојата
на индикаторот за батеријата укажува на следното:
* Црвена: батеријата е речиси празна (<10%).
* Исклучен LED-индикатор: уредот за родителот не е приклучен на
струјната мрежа.