User Guide

- 29 -
КАКО ДА ГИ КОРИСТИТЕ / ПОВРЗЕТЕ ДЕЛОВИТЕ
Зошто времето на
полнење на уредот за
родителот може да
надмине 3 часа?
Уредот за родителот може да се вклучи за време на полнењето.
Исклучете го уредот за родителот кога го полните за да се намали
времето на полнење. Ако екранот на уредот за родителот е вклучен
постојано, тогаш полнењето на уредот за родителот ќе трае подолго.
Можно е температурата да ја надминала дозволената граница при
полнење, а тоа може потенцијално да предизвика исклучување на
електронското коло за полнење, што е еден вид на безбедносен
механизам за заштита. За да продолжите со полнењето, поместете
ја станицата за полнење подалеку од какви било извори на топлина
како што се радијатори, отвори за централно греење, рингли или
други апарати (вклучувајќи и засилувачи) што генерираат топлина.
Зошто уредот за бебето
и неговиот кабел мора
да се чува на растојание
од најмалку 1 метар од
бебето?
За да избегнете задавување со кабелот, единицата на уредот за
бебето и нејзиниот кабел секогаш ставајте ги на растојание од
најмалку 1 метар од бебето.
Што е разликата помеѓу
различните кориснички
режими на уредот за
родителот: Video, Audio,
Vox и Eco?
Подолу е дадена листа со објаснувања за режимите што се достапни
кај вашиот монитор за бебе.
* Режим Video: екранот на уредот за родителот е секогаш вклучен.
Ќе имате постојан звук кога нивото на чувствителност е поставено на
„многу високо“. Во спротивно, тивките звуци нема да се пренесат.
* Режим Audio: се активира само звукот. Екранот на уредот за
родителот ќе се исклучи кога ќе го активирате режимот Audio.
Индикаторот за поврзување посочува дека уредот за родителот сè
уште е вклучен и поврзан со уредот за бебето. Сите нормални функции
за комуникација со уредот за бебето ќе останат достапни преку
копчињата за разговор, смирувачки звук, мени и чувствителност.
* Режим Vox: екранот и звукот кај уредот за родителот ќе се исклучат
доколку не се открие звук во период од 20 секунди (или ако звуците
не ја надминат поставената чувствителност). Сликата и звукот ќе се
активираат веднаш штом заплаче вашето бебе или штом се надмине
прагот на чувствителност. Ако јачината на звукот се намали под прагот
за чувствителност, видеосигналот сепак ќе остане активен во следните
20секунди. Кога ќе притиснете едно од копчињата за контрола
(светлина или јачина на звук), уредот ќе прикаже видео приближно
5секунди. Исто така е достапно менито за смирувачки звук.
* Режим Eco: екранот и звукот кај уредот за родителот ќе се исклучат
ако не се открие звук во период од 20 секунди. Режимот Eco ја
намалува потрошувачката на енергија кога преовладува тишина
во опкружувањето, а притоа ви овозможува да бидете поврзани
со вашето бебе. Во режимот Eco, LED-индикаторот за режимот
Eco свети во зелена боја, а уредот функционира на различен
метод на поврзување. Во режимот Eco, уредот за родителот го
користи механизмот за пинг на 2 секунди за да ја проверува
врската со уредот за бебето наместо да воспостави континуирана
радиофреквентна врска. Поради тоа и уредот за бебето ќе троши
помалку енергија во режимот Eco.