User Guide

- 28 -
Често поставувани прашања
Во ова поглавје се опишани најчестите проблеми со кои може да се
соочите при користење на апаратот. Ако не можете да го решите
проблемот со помош на информациите наведени подолу, одете
на www.philips.com/support за да пронајдете листа на најчести
прашања или обратете се на центарот за корисничка поддршка во
вашата земја.
КАКО ДА ГИ КОРИСТИТЕ / ПОВРЗЕТЕ ДЕЛОВИТЕ
Прашање Одговор
Зошто индикаторот за
напојување на уредот
за бебето не се вклучува
кога ќе го вклучам?
Можеби адаптерот не е приклучен правилно. Поврзете го уредот за
бебето со адаптерот и приклучете го адаптерот со приклучокот за
електричната мрежа. Потоа поместете го лизгачот за вклучување/
исклучување на уредот за бебето нагоре во положбата ВКЛУЧЕНО за
да воспоставите врска со уредот за родителот.
Зошто уредот за
родителот не се полни
кога ќе го приклучам во
струја?
Можеби адаптерот не е приклучен правилно. Проверете дали
адаптерот е приклучен правилно во штекерот.
Уредот за родителот можеби веќе е наполнет целосно. Индикаторот
за статус на батеријата свети во зелена боја кога батеријата е
целосно наполнета и уредот е приклучен на струјната мрежа.
Зошто уредот за бебето
не се полни кога ќе го
приклучам во струја?
Единицата за бебето нема функција за полнење, туку таа
функционира само кога е поврзана со електричната мрежа.
Зошто не можам да
воспоставам врска?
Зошто врската се
прекинува повремено?
Зошто има звучни
пречки?
Најверојатно уредот за бебето и уредот за родителот се блиску до
надворешните граници на работниот опсег или има пречки од други
безжични уреди што користат фреквенција од 2,4 GHz. Променете
ја локацијата на деловите, намалете го растојанието помеѓу нив или
исклучете ги другите безжични уреди што користат фреквенција од
2,4 GHz (лаптопи, мобилни телефони, микробранови печки итн.).
Може да поминат до 10 секунди пред повторно да се воспостави
врската помеѓу деловите.
Ако сигналот се изгуби, тогаш уредот за родителот ќе генерира
звучен сигнал на секои 20 секунди.
Уредот за бебето и уредот за родителот можеби се на премногу
кратко меѓусебно растојание, а треба да бидат меѓусебно
оддалечени најмалку 2,5 метри за да се избегнат пречки.
Што се случува
при прекин на
снабдувањето со
електрична енергија?
Бидејќи уредот за родителот се напојува од батерија на полнење,
тој ќе продолжи да функционира доколку батеријата има доволно
енергија. Меѓутоа, уредот за бебето ќе престане да функционира
бидејќи нема батерија на полнење и функционира само ако се
напојува преку струјната мрежа. Уредот за родителот ќе генерира
звучен сигнал за да ве извести дека врската со уредот за бебето е
прекината.
Привремено можете да го поврзете уредот за бебето со уред за
резервно напојување при дефект на главната електрична мрежа.
Кога ќе се врати главната електрична мрежа, можете да го поврзете
уредот за бебето со неа.