User Guide
Table Of Contents
- 25 -
Штипка за на ремен
Уредот за родителот може да го носите со вас во целата куќа и
надвор од неа доколку го прикачите на вашиот ремен или појас
со помош на штипката за на ремен. На тој начин ќе можете да го
набљудувате вашето бебе кога сте во движење.
Забелешка: во овој случај екранот е завртен наопаку, па доволно
е само да го подигнете уредот за родителот за да можете да го
гледате вашето бебе на екранот.
Чистење и одржување
Предупредување: уредот за родителот, уредот за бебето и
адаптерите за напојување не треба да се потопуваат во вода и
не треба да се чистат под млаз вода.
Предупредување: Не користете спрејови за чистење или течни
средства за чистење.
1 Исклучете го уредот за бебето, исклучете го адаптерот за
напојување од уредот за бебето и отстранете го адаптерот за
напојување од штекер.
2 Чистете го уредот за бебето со сува крпа.
Забелешка: отпечатоците од прсти или нечистотиите врз леќата
на уредот за бебето можат да влијаат врз перформансите на
камерата. Избегнувајте да ја допирате леќата со прсти.










