User Guide
Table Of Contents
- 17 -
Режим Eco
1 Притиснете го копчето за режим што е поставено странично на
уредот за родителот за да преминете во режимот Eco.
Забелешка: кога екранот е вклучен, избраниот режим е видлив
во лентата за статус. Лентата за статус не е видлива кога е
исклучен екранот.
Кога ќе го активирате режимот Eco, екранот и звукот кај уредот
за родителот ќе се исклучат ако не се открие звук во период од
20секунди. ИндикаторотEco ќе почне да свети во зелена боја
за да посочи дека режимот Eco е активиран. Додека е активен
режимот Eco, преносите на слика и звук се оневозможени.
Кога уредот за бебето ќе забележи звук, екранот и звукот на
уредот за родителот ќе се вклучат веднаш. Звуците се пренесуваат
до уредот за родителот.
Забелешка: минималното ниво на звук што ги активира звукот и
екранот се дефинира во поставките за чувствителност.
Смирувачки звуци
Можете да ја активирате функцијата за смирувачки звук или од
уредот за родителот, или од уредот за бебето.
За да ја активирате функцијата за смирувачки звук од уредот за
родителот, следете ги инструкциите подолу:
Избор на смирувачки звук
1 Притиснете го копчето за смирувачки звук на уредот за родителот
за да го отворите менито за смирувачки звуци.
Забелешка: Ако го притиснете копчето за смирувачки звук додека
менито за смирувачки звук веќе е отворено, тоа ќе го затвори
менито.
Eco
17:00
Eco
eco
Eco17:00










