User Manual

- 9 -
Кога батеријата на полнење во делот за родителот е речиси празна,
индикаторот за статус на батеријата почнува да свети во црвена боја
и се генерира звук од делот за родителот.
Ако батеријата е потполно празна и делот за родителот не е
приклучен на струјната мрежа, тогаш делот за родителот ќе се
исклучи автоматски и ќе ја прекине врската со делот за бебето.
Забелешка: вградената батерија на полнење не може да се
отстрани од производот.
Забелешка: батеријата се празни постепено и многу бавно, дури и
кога делот за родителот е исклучен.
Совет: за да заштедите енергија во батеријата, исклучете го делот
за родителот кога не го користите.
Забелешка: ви препорачуваме да го оставите делот за родителот
приклучен на струјната мрежа во текот на целата ноќ. Ако
батеријата во делот за родителот достигне ниско ниво во текот на
ноќта, делот за родителот ќе почне да генерира звучен аларм што
може да ве разбуди.
Користење на мониторот за бебе
Поврзување на делот за родителот со делот за бебето
1 Придвижете го нагоре лизгачот за вклучување/исклучување на
делот за бебето во положбата ВКЛУЧЕНО.
2 Кога делот за бебето е вклучен, индикаторот за напојување кај
делот за бебето ќе почне да свети во зелена боја.
Забелешка: индикаторот за напојување кај делот за бебето
секогаш свети во зелена боја, дури и кога не е поврзан со делот за
родителот.
20°CEco
1