User Manual

- 21 -
Чистење и одржување
Предупредување: делот за родителот, делот за бебето и
адаптерите за напојување не треба да се потопуваат во
вода и не треба да се чистат под млаз вода.
Предупредување: не користете спрејови за чистење или
течни средства за чистење.
1 Исклучете го делот за бебето, исклучете го адаптерот за
напојување од делот за бебето и отстранете го адаптерот за
напојување од штекер.
2 Чистете го делот за бебето со сува крпа.
Забелешка: отпечатоците од прсти или нечистотиите врз леќата
на делот за бебето можат да влијаат врз перформансите на
камерата. Избегнувајте да ја допирате леќата со прсти.
3 Исклучете го делот за родителот, исклучете го адаптерот за
напојување од делот за родителот и отстранете го адаптерот за
напојување од штекер.