SCD831 SCD833 SCD835 Упатство за корисникот
Содржина Вовед ����������������������������������������������������������������������������������������������������������������������������������� 4 Општ опис ������������������������������������������������������������������������������������������������������������������������� 4 Важни безбедносни информации ���������������������������������������������������������������������������� 5 ВАЖНО ������������������������������������������������������������������������������������������������������������������
1 14 2 13 3 12 4 5 15 6 11 7 8 9 10 21 16 17 18 25 20 19 22 23 24
Вовед Општ опис Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips Avent! За целосно да ја искористите поддршката што ја нуди Philips Avent, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome. Видео-мониторот за бебе Philips Avent ви нуди континуирана поддршка и ви овозможува да го гледате вашето бебе и дење и ноќе од секоја соба во куќата. Најновата дигитална технологија гарантира јасен звук и најостра слика од вашето бебе.
Важни безбедносни информации Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да го користите апаратот и зачувајте ги за во иднина. ВАЖНО Овој монитор за бебе е предвиден да се користи како помошен уред. Тој не е замена за одговорен и правилен надзор од страна на возрасни лица и никогаш не треба да се користи како таков. Никогаш не го оставајте вашето бебе само во домот. Погрижете се секогаш да има некој покрај бебето кој ќе се грижи за него и за неговите потреби.
- - - Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или лица со недостаток на искуство и знаење, под услов да се под надзор или да добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат можните опасности. Децата не смеат да си играат со апаратот. Децата не треба да го чистат или да го одржуваат апаратот без надзор.
- - - Кога ракувате со батериите, не заборавајте дека вашите раце, производот и батериите треба да бидат суви. За да спречите прегревање на батериите или испуштање токсични или опасни супстанции од нив, не треба да ги изменувате, продупчувате или оштетувате производите и батериите, а батериите не треба да ги расклопувате, прекумерно да ги полните, да им правите краток спој или да ги полните со спротивен поларитет.
Подготовка за употреба Дел за бебето Поврзете го адаптерот за напојување со делот за бебето и ставете го адаптерот во штекер. Дел за родителот Делот за родителот се напојува од литиум-јонска батерија на полнење. Следете ги чекорите подолу за да го наполните делот за родителот: Поврзете го адаптерот за напојување со делот за родителот и ставете го адаптерот во штекер. Индикаторот за статус на батеријата ќе почне да свети во портокалова боја за да посочи дека уредот се полни.
Eco 1 20°C Кога батеријата на полнење во делот за родителот е речиси празна, индикаторот за статус на батеријата почнува да свети во црвена боја и се генерира звук од делот за родителот. Ако батеријата е потполно празна и делот за родителот не е приклучен на струјната мрежа, тогаш делот за родителот ќе се исклучи автоматски и ќе ја прекине врската со делот за бебето. Забелешка: вградената батерија на полнење не може да се отстрани од производот.
>2 .5m .2 /8 ft 3 Погрижете се делот за родителот и делот за бебето да бидат на меѓусебно растојание од најмалку 2,5 метри/ 8,2 стапки за да избегнете повратен акустичен сигнал. 4 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување кај делот за родителот и задржете 1 секунда за да го вклучите делот за родителот. Eco Eco Eco 1 1 1 20°C - Екранот ќе се вклучи и ќе прикаже слика за поврзување, а индикаторот за поврзување ќе почне да свети во црвена боја.
Позиционирање на мониторот за бебе Предупредување: кабелот на делот за бебето претставува потенцијална опасност од задавување. Погрижете се делот за бебето и неговиот кабел да бидат оддалечени од вашето бебе најмалку 1 метар / 3,5 стапки. Никогаш не го ставајте мониторот за бебето во неговото креветче или неговиот ограден простор за игра. m 1.5 >1- > 2.5 5 /3. 8 m/ t -5f .
4 Прилагодете го делот за бебето на начин на кој ќе имате најдобра видливост на вашето бебе. Делот за бебето може да се ротира за да го позиционирате во саканата положба.
Функции и поставки Volume (Јачина на звук) Прилагодете ја јачината на звукот на звучникот кај делот за родителот на ниво по ваша желба. 1 Притиснете го горниот или долниот дел на копчето за контрола за да ја прилагодите јачината на звукот. 1 20°C Совет: прилагодете ја јачината на звукот според тековните услови. Во случај на голема бучава може да ја активирате и функцијата за вибрации. Лентата за јачина на звук ќе се појави на екранот за да ви ја прикаже избраната јачина на звук.
Режими Овој монитор за бебе има четири различни режими што ви овозможуваат да изберете како сакате да го набљудувате вашето бебе: VIDEO, AUDIO, VOX и ECO. Кога мониторот за бебе е вклучен, може да избирате помеѓу овие 4 режими со притиснување на копчето за режим што е поставено странично на делот за родителот. Екранот ќе го прикаже избраниот режим. Избраниот режим ќе биде означен и во лентата за статус. Кога ќе го вклучите уредот, ќе се активира режимот што последен сте го користеле.
Режим AUDIO AUDIO 1 Притиснете го копчето за режим што е поставено странично на делот за родителот за да преминете во режимот AUDIO. AUDIO AUDIO 1 20°C Кога ќе го активирате режимот AUDIO, екранот на делот за родителот ќе се исклучи. По 3 секунди, екранот ќе се исклучи целосно и лентата за статус ќе исчезне. Забелешка: лентата за статус не е видлива кога е исклучен екранот. Забелешка: индикаторот за поврзување посочува дека делот за родителот сè уште е вклучен и поврзан со делот за бебето.
VOX 1 20°C Кога делот за бебето ќе открие звук, екранот и звукот кај делот за родителот ќе се вклучат веднаш. Звуците се пренесуваат до делот за родителот. Забелешка: минималното ниво на звук што ги активира звукот и екранот се дефинира во поставките за чувствителност. Режим ECO 1 Притиснете го копчето за режим што е поставено странично на делот за родителот за да преминете во режимот ECO. ECO Забелешка: кога екранот е вклучен, избраниот режим е видлив во лентата за статус.
Приспивни песни Функцијата за приспивна песна може да ја активирате преку делот за родителот или делот за бебето. За да ја активирате функцијата за приспивна песна преку делот за родителот, следете ги инструкциите подолу: Избирање приспивна песна 1 Притиснете го копчето за приспивна песна кај делот за родителот за да го отворите менито за приспивни песни. Забелешка: ако го притиснете копчето за приспивна песна кога менито за приспивни песни е отворено, тогаш менито ќе се затвори.
Приспивната песна се репродуцира преку делот за бебето и се повторува континуирано приближно 15 минути. 15 min Lullaby Songs 1 Rock-a-Bye Baby 2 Twinkle, Twinkle 3 Hush, Little Baby 4 Brahm’s Lullaby 5 Golden Slumbers Совет: за да се повторуваат сите песни што се достапни, изберете ја последната опција во листата. 6 За да изберете друга приспивна песна, придвижете се нагоре или надолу со контролното копче за да изберете друга песна од листата.
15 min Разговор Последната приспивна песна што сте ја избрале на делот за родителот ќе започне да се репродуцира преку делот за бебето и ќе се повторува континуирано приближно 15 минути. За да ја запрете репродукцијата на приспивната песна кај делот за бебето, притиснете го копчето за вклучување/исклучување на приспивната песна кај делот за бебето. Користете го копчето за разговор за да разговарате со вашето бебе. 1 Притиснете го и задржете го копчето за разговор кај делот за родителот.
1 20°C 2 Притиснете го горниот или долниот дел на копчето за контрола за да го изберете саканото ниво на чувствителност. 1 20°C Ако вашето бебе испушта тивки звуци, тогаш чувствителноста на делот за бебето треба да се постави на високо ниво преку делот за родителот. 1 20°C Колку погласни звуци испушта вашето бебе, толку пониска чувствителност треба да поставите кај делот за родителот.
Чистење и одржување Предупредување: делот за родителот, делот за бебето и адаптерите за напојување не треба да се потопуваат во вода и не треба да се чистат под млаз вода. Предупредување: не користете спрејови за чистење или течни средства за чистење. 1 Исклучете го делот за бебето, исклучете го адаптерот за напојување од делот за бебето и отстранете го адаптерот за напојување од штекер. 2 Чистете го делот за бебето со сува крпа.
4 Чистете го делот за родителот со сува крпа. 5 Чистете ги адаптерите со сува крпа. Складирање Ако не планирате да го користите мониторот за бебе долг временски период, тогаш складирајте ги делот за родителот, делот за бебето и адаптерите на ладно и суво место. Нарачување додатоци За да купите додатоци или резервни делови, посетете ја страницата www.philips.com/parts-and-accessories или појдете во продавница за производи од Philips.
Рециклирање - Овој симбол означува дека производот не смее да се фрла со обичниот отпад од домаќинствата (2012/19/EU). - Овој симбол означува дека во овој производ е вградена батерија на полнење што не треба да се фрла со обичниот отпад од домаќинствата (2006/66/EC). Ве молиме однесете го вашиот производ на официјално место за собирање отпад или во сервисен центар на Philips за да може професионално лице да ја отстрани батеријата на полнење.
Информација за животната средина Целата непотребна амбалажа е изоставена. Се обидовме да направиме амбалажа што лесно може да се раздвои во два материјали: картон (кутија) и полиетилен (ќеси, заштитна пена). Вашиот систем содржи материјали кои може да се рециклираат и повторно да се употребат доколку расклопувањето го врши специјализирана компанија. Ве молиме да ги почитувате локалните закони во однос на отстранувањето на материјалите од амбалажата, старите батерии и старата опрема.
Често поставувани прашања Во ова поглавје се опишани најчестите проблеми со кои може да се соочите при користење на апаратот. Ако не можете да го решите проблемот со помош на информациите наведени подолу, посетете ја веб-страницата www.philips.com/support за да пронајдете листа на најчести прашања или обратете се на центарот за корисничка поддршка во вашата земја.
КАКО ДА ГИ КОРИСТИТЕ / ПОВРЗЕТЕ ДЕЛОВИТЕ Зошто времето на полнење на делот за родителот може да надмине 3 часа? Делот за родителот може да се вклучи за време на полнењето. Исклучете го делот за родителот кога го полните за да се намали времето на полнење. Ако екранот на делот за родителот е вклучен постојано, тогаш полнењето на делот за родителот ќе трае подолго.
КАКО ДА ГИ КОРИСТИТЕ / ПОВРЗЕТЕ ДЕЛОВИТЕ Како да го ресетирам делот за родителот? Делот за родителот може да го ресетирате со истовремено притиснување на „копчето за вклучување/исклучување на напојувањето“ и кружното „навигациско копче за надолу“ на предната страна на делот за родителот и задржете го приближно 1 секунда. Делот за родителот ќе се исклучи. За повторно вклучување на делот за родителот треба да го притиснете „копчето за вклучување/исклучување на напојувањето“.
ШУМ/ЗВУК Прашање Одговор Зошто делот за родителот и/или делот за бебето создаваат високофреквентен шум? Можно е делот за родителот и делот за бебето да се на премногу кратко меѓусебно растојание. Погрижете се делот за родителот и делот за бебето да бидат на меѓусебно растојание од најмалку 2,5 метри/ 8,2 стапки. Можно е јачината на звукот кај делот за родителот да е поставена на премногу високо ниво. Намалете ја јачината на звукот кај делот за родителот.
ШУМ/ЗВУК Зошто делот за Можно е да настанат пречки кога делот за родителот е надвор од родителот репродуцира опсегот на делот за бебето. Пречки може да настанат и ако има звук на зуење? премногу ѕидови или тавани помеѓу делот за родителот и делот за бебето или кога се вклучени други безжични уреди што користат фреквенција од 2,4 GHz (на пр., микробранова печка, Wi-Fi-рутер). Ставете го делот за родителот на друго место, поблиску до делот за бебето или, пак исклучете ги другите безжични уреди.
РАБОТНО ВРЕМЕ / ОПСЕГ Времето на функционирање на делот за родителот треба да трае до 10 часа. Зошто времето на функционирање на мојот дел за родителот е пократко? Светлината на сликата на екранот кај делот за родителот може е поставена на премногу високо ниво, што значи дека делот за родителот троши многу енергија. Намалете ја светлината кај делот за родителот. Делот за родителот троши многу енергија кога видеото на екранот се прикажува континуирано.
ПРИКАЗ НА ВИДЕО Зошто сликата на екранот за видео не е јасна? Светлина на екранот може е поставена на премногу ниско ниво. Зголемете ја светлината на екранот на делот за родителот со помош на копчето за контрола во центарот. Леќата на делот за бебето може е валкана. Исчистете ја леќата со сува крпа. Можно е делот за бебето да е премногу оддалечен од вашето бебе. Делот за бебето не треба да биде оддалечен од вашето бебе повеќе од 1,5 метри / 5 стапки за да добиете оптимален квалитет за видео.
Монтирање на ѕид Упатства за печатење: Отпечатете ја оваа страница во размер од 100 % и искористете го шаблонот за прецизно обележување на положбата на отворите за завртки на ѕидот.
© 2022 Koninklijke Philips N.V. Сите права се задржани.