User manual

Table Of Contents
40
Македонски
3
Држете го приклучокот на стилизаторот на брада
под прав агол на кожата и движете го уредот
надолу додека применувате благ притисок.
4
Исклучете го уредот и исчистете го додатокот по
користењето.
Користење на додатокот со четка за чистење
Користете ја четката за чистење со вашиот
секојдневен крем за чистење за да отстраните масло
и нечистотија.
Ве советуваме да ја користите не повеќе од еднаш
неделно.
Внимание: Немојте да го користите уредот на
оштетена или иритирана кожа или на рани.
1
Свртете ја главата за бричење или друг додаток за
да ја отстраните од рачката и притиснете ја четката
за чистење врз рачката.
2
Навлажнете ја четката за чистење со вода.
Не користете ја четката за чистење сува затоа што
тоа може да ја иритира кожата.
3
Навлажнете го лицето со вода и нанесете лосион
за чистење лице на вашето лице.
4
Поставете ја четката за чистење на вашиот образ.
5
Вклучете го уредот.
6
Нежно поместувајте ја четката преку вашата кожа,
од носот кон увото. Не притискајте пресилно.
Третманот треба да биде удобен.
Немојте да ја чистите чувствителната област околу
вашите очи.
7
По приближно 20 секунди поместете го уредот на
другиот образ и почнете да го чистите тој дел од
вашето лице.