User manual

Table Of Contents
22
Македонски
Преостанат полнеж на батеријата
Оваа ставка од менито го прикажува преостанатото
полнење на батеријата.
Повратни информации по бричењето
Забелешка: ова мени се појавува само откако ќе ја
активирате функцијава преку поставките за
апликацијата.
Може да го оптимизирате бричењето со примена на
правилното движење и количина на притисок. Оваа
ставка ја покажува оцената со ѕвезди на вашето
последно бричење. Таа покажува дали притисокот и
движењето што сте ги примениле при бричењето се
добри или може да се подобрат.
Заклучување за патување
Кога ќе патувате, можете да го заклучите уредот за
бричење за да спречите негово случајно вклучување.
Во ова мени, притиснете и задржете го копчето за
мени 3 секунди за да го заклучите или отклучите
уредот за бричење. Кога е активирано заклучувањето
за патување, Bluetooth автоматски се исклучува и
вашиот уред за бричење влегува во режим за заштеда
на енергија.
Вклучување/исклучување светлосен прстен
За време на бричењето, добивате повратна
информација за тоа колку притисок вршите преку
светлосниот прстен на горниот дел од рачката за
бричење.
Светлосниот прстен е стандардно активен. Може да
го деактивирате или реактивирате.
За да ги деактивирате повратните информации за
светлосниот прстен: