User manual

Table Of Contents
21
Македонски
- Заклучување за патување
Од оваа ставка на менито, можете да го заклучите
и отклучите вашиот уред за бричење со
притискање и држење на копчето за мени 3
секунди. Кога ќе патувате, можете да го заклучите
уредот за бричење за да спречите негово случајно
вклучување. Кога е активирано заклучувањето за
патување, Bluetooth автоматски се исклучува и
вашиот уред за бричење влегува во режим за
заштеда на енергија.
- Bluetooth
Од оваа ставка во менито, можете да го исклучите
поврзувањето на вашиот уред за бричење и
паметниот телефон.
За информации во врска со придобивките од
спарувањето на уредот за бричење со паметниот
телефон, погледнете во „Предности од
поврзувањето на уредот за бричење со
апликацијата“.
Забелешка: осигурете дека на паметниот телефон
има Bluetooth® 4.2 или понова верзија.
Овој уред за бричење е опремен со Bluetooth® 4.2
и понови верзии за поврзување со апликацијата.
Кога ќе ги спарите уредот за бричење и паметниот
телефон, Bluetooth на уредот за бричење ќе се
вклучи автоматски, дури и кога уредот е исклучен.
Ова овозможува вашите податоци за бричењето
да се синхронизираат подоцна, па не мора да го
земате паметниот телефон со вас кога се бричите.
Забелешка: Може да го исклучите Bluetooth на
уредот за бричење со активирање на
заклучувањето при патување.
Главно мени (Сл. Б)
Може да префрлате низ функциите од менито со
притискање на копчето за мени.