User manual

Table Of Contents
13
Македонски
- Никогаш не користете компримиран воздух,
абразивни сунѓери, абразивни средства за
чистење или агресивни течности за чистење на
уредот.
- Секогаш поставувајте го системот за чистење на
стабилна, рамна и хоризонтална површина за да
спречите истекување.
- Секогаш проверувајте дали одделот на картриџот
е затворен пред да го користите системот за
чистење.
- Кога системот за чистење е подготвен за употреба,
не го поместувајте за да спречите истекување на
течноста за чистење.
- Може да капе вода од штекерот на долниот дел на
бричот кога го плакнете. Ова е нормално и не е
опасно затоа што сета електроника е затворена во
запечатена единица за напојување во
внатрешноста на бричот.
- Не користете ја единицата за напојување на или
близу до ѕидни приклучоци што содржат
електрични освежувачи за воздух за да спречите
непоправлива штета на единицата за напојување.
- Немојте да ја користите четката за чистење на
оштетена кожа или кожа погодена од болест или
тешка иритација на кожата.
- Не користете ја четката за чистење ако примате
лекови на база на стероиди.
- Отстранете ги пирсинзите, накитот, очилата и сл.
пред да го користите апаратот.
- Внимавајте при ракување со вашиот паметен
телефон во близина на вода и во влажна средина.
- Радиобрановите може да го нарушат
функционирањето на пејсмејкерите и другите
медицински уреди. Побарајте совет од вашиот
лекар и држете го апаратот на растојание од
најмалку 20см.
- Максимално ниво на бучава: Lc = 69dB(A)
- Користете само оригинални додатоци или
потрошни средства на Philips. Користете само
единица за напојување што може да се вади
HQ8505.