User manual

Table Of Contents
36
Македонски
Како да го користам мојот уред и додатоците?
Предупредување: Пред употреба, секогаш
проверувајте го уредот и сите додатоци. Не
користете ги уредот или кој било додаток
доколку се оштетени, бидејќи тоа може да
предизвика повреда. Секогаш заменувајте го
оштетениот дел со оригинален.
Бричење
Може да го користите уредот влажен или сув, па дури
и под туш. За влажно бричење, нанесете малку вода и
пена за бричење или гел на кожата и исплакнете ги
главите за бричење под млаз топла вода пред да ги
следите чекорите подолу.
1
Вклучете го уредот.
2
Движете ги главите за бричење преку кожата со
кружни движења за да ги фатите сите влакна што
растат во различни насоки. Осигурете се дека
секоја глава за бричење е целосно во контакт со
кожата. Благо притискајте за подлабоко, удобно
бричење.
Забелешка: не притискајте премногу силно,
бидејќи тоа може да ја иритира кожата.
Забелешка: ако се бричите со гел или пена,
плакнете ја единицата за бричење редовно за
време на бричењето за да се осигурите дека ќе
продолжи да се лизга мазно врз вашата кожа.
3
Користете ги тесните страни на единицата за
бричење за да ги избричите тешко пристапните
места како вдолж вилицата и под носот.