User manual

Table Of Contents
14
Македонски
- Полнете го, користете го и чувајте го производот
на температура помеѓу 5°C и 35°C.
- Чувајте ги производот и батериите подалеку од
оган и немојте да ги изложувате на директна
сончева светлина или високи температури.
- Ако производот се загрее премногу или почне да
мириса, ја промени бојата или ако полнењето трае
подолго од вообичаено, престанете со
користењето и полнењето на производот и
контактирајте со Philips.
- Не ставајте ги производите и нивните батерии во
микробранови печки или на индукциски шпорети.
- Немојте да го отворате, изменувате, продупчувате,
оштетувате или расклопувате производот или
батеријата за да спречите батериите да се
загреваат или да испуштаат токсични или опасни
супстанции. Немојте да правите краток спој,
премногу да ги наполнувате или обратно да ги
полните батериите.
- Ако батериите се оштетени или протекуваат,
избегнувајте контакт со кожата или очите. Ако се
случи тоа, веднаш исплакнете добро со вода и
побарајте лекарска помош.
Течност за картриџ на Philips Quick Clean Pod
- Да се чува подалеку од дофат на деца.
- Не голтајте.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој Philips уред е во согласност со сите важечки
стандарди и регулативи во врска со изложеноста на
електромагнетни полиња.
Директива за радио опрема
- Уредите од серијата S9000 се опремени со
Bluetooth класа 2.
- Фреквенцискиот опсег на кој функционира
Bluetooth на уредите од серијата S9000 е 2,4GHz.
- Максималната моќност на радиофреквенцијата
којашто се емитува во рамки на фреквенцискиот
опсег во кој функционираат уредите од серијата
S9000 е помала од 20 dBm.