User manual
Table Of Contents
- Содржина
- Вовед
- Општ опис
- Што значат иконите на рачката од уредот?
- Што значи иконата на мојот Quick Clean Pod?
- Како да го наполнам мојот уред?
- Како да го користам мојот уред и додатоците?
- Како да го чистам мојот уред и додатоците?
- Како да го користам Quick Clean Pod?
- Како да го поврзам уредот за бричење со паметниот телефон?
- Како да ги заменам главите за бричење?
- Нарачување додатоци
- Решавање проблеми
Потсетник за чистење
Кога ќе го исклучите уредот, почнува да трепка
потсетникот за чистење за да ве потсети да го
исчистите уредот.
- Исчистете ги уредот и додатоците по секое
користење за да се спречи затнување и
оштетување.
- Чистете ги главите за бричење темелно
еднаш месечно или кога уредот не бричи
подеднакво добро како и претходно.
Синхронизирајте ги вашите бричења
Уредов за бричење ги складира вашите
податоци за бричењето, па не мора да го
земате паметниот телефон со вас кога се
бричите.
Кога складот за податоци е речиси полн, ќе
трепка симболот за известување. За да
спречите губење на податоците,
синхронизирајте го уредот за бричење со
апликацијата.
1 Осигурете дека сте блиску до уредот за
бричење и отворете ја апликацијата.
2 Апликацијата автоматски се поврзува и ги
синхронизира вашите последни бричења.
Потстрижување
Може да го користите потстрижувачот за да ги
уредувате бакенбардите и мустаќите.
1 Притиснете го надолу лизгачкото копче за
ослободување на потстрижувачот за да го
отворите потстрижувачот.
2 Вклучете го уредот.
15
Македонски