User manual
Table Of Contents
- Содржина
- Вовед
- Општ опис
- Што значат иконите на рачката од уредот?
- Што значи иконата на мојот Quick Clean Pod?
- Како да го наполнам мојот уред?
- Како да го користам мојот уред и додатоците?
- Како да го чистам мојот уред и додатоците?
- Како да го користам Quick Clean Pod?
- Како да го поврзам уредот за бричење со паметниот телефон?
- Како да ги заменам главите за бричење?
- Нарачување додатоци
- Решавање проблеми
Како да го користам мојот уред и
додатоците?
Предупредување: Пред употреба,
секогаш проверувајте го уредот и сите
додатоци. Не користете ги уредот или кој
било додаток доколку се оштетени,
бидејќи тоа може да предизвика повреда.
Секогаш заменувајте го оштетениот дел
со оригинален.
Забелешка: Овој уред е водоотпорен. Тој е
погоден за употреба во бањата или под туш и
за чистење под млаз вода. Затоа, од
безбедносни причини, уредот може да се
користи само без кабел.
SkinIQ
Уредов е опремен со SkinIQ технологија
којашто интелигентно ја открива густината на
вашите влакна и техниката на бричење. За
подобра техника, може да добиете
персонализиран совет за бричење во
апликацијата.
Совет ќе добиете на два начини: бричења со
упатство во реално време и синхронизирани
бричења. Ве советуваме да започнете со
бричењето со упатство за да го подобрите
искуството со бричењето.
- Правилното ракување со уредот ќе
придонесе за најдобри резултати при
бричењето.
- Следете го советот добиен од
синхронизираните бричења и
персонализираните програми.
12
Македонски