User manual
Table Of Contents
- Содржина
- Вовед
- Општ опис
- Што значат иконите на рачката од уредот?
- Што значи иконата на мојот Quick Clean Pod?
- Како да го наполнам мојот уред?
- Како да го користам мојот уред и додатоците?
- Како да го чистам мојот уред и додатоците?
- Како да го користам Quick Clean Pod?
- Како да го поврзам уредот за бричење со паметниот телефон?
- Како да ги заменам главите за бричење?
- Нарачување додатоци
- Решавање проблеми
1 Свртете ја главата за бричење или друг
додаток за да ја отстраните од рачката и
притиснете го додатокот за стилизирање
брада врз рачката.
2 Повлечете го чешелот директно во отворите
за насочување на двете страни од додатокот
за стилизирање брада.
3 Притиснете го избирачот на должина, а
потоа турнете го налево или надесно за да
го изберете саканото поставување за
должина на влакната.
4 Вклучете го уредот.
5 Движете го уредот нагоре додека
применувате благ притисок. Осигурете се
дека предниот дел од чешелот е во полн
контакт со кожата.
6 Исклучете го уредот и исчистете го
додатокот по користењето.
Користење на додатокот за стилизирање
брада без чешел
Можете да го користите додатокот за
стилизирање брада без чешел за да ги
контурирате брадата, мустаќите, бакенбардите
или влакната на вратот до должина од 0,5 мм.
Можете да го користите стилизаторот на брада
со прикачен чешел за да ја стилизирате вашата
брада на едно фиксно поставување или на
различни поставувања за должината. Исто така
можете да ги кратите сите долги влакна пред
17
Македонски