User manual
4 Исчистете го додатокот по употреба
(погледнете во поглавјето „Чистење и
одржување“).
Користење на четкичката за чистење
како додаток
Користете ја ротирачката четкичка за чистење со
вашата дневна крема за чистење. Четкичката за
чистење ги отстранува маслото и нечистотиите,
придонесувајќи за здрава кожа без масло.
1 Вметнете ја завртката од додатокот во
отворот во горниот дел од апаратот.
Потоа, притиснете го додатокот за да го
прикачите на апаратот (со кликнување).
2 Навлажнете го додатокот со вода.
Немојте да го користите уредот со сува
четка, бидејќи ова може да доведе до
иритација на кожата.
Совет: За полесно и похигиенско бричење,
користете го додатокот пред бричењето.
3 Навлажнете го лицето со вода, а потоа
нанесете му лосион.
4 Поставете го апаратот на десниот образ.
5 Вклучете го апаратот.
6 Нежно придвижете го додатокот преку
кожата од носот кон увото. Немојте да го
притискате додатокот премногу силно на
кожата за да не дојде до неудобно чувство.
20 sec.
МАКЕДОНСКИ 313