Important Information Manual
Table Of Contents
Рециклирање
- Овој симбол означува дека овој производ не треба да се фрла заедно со
обичниот отпад од домаќинствата (2012/19/EU) (Сл. 3).
- Овој симбол означува дека овој производ содржи вградена батерија на
полнење која не треба да се фрла со обичниот отпад од домаќинствата
(Сл. 4) (2006/66/EК). Однесете го вашиот производ до официјално место
за собирање или сервисен центар на Philips за да може професионално
лице да ја отстрани батеријата на полнење.
- Придржувајте се до правилата во вашата земја за посебно собирање на
електрични и електронски производи и батерии на полнење. Правилното
отстранување помага да се спречат негативни последици за животната
средина и здравјето на човекот.
Вадење на батеријата на полнење
Полнливата батерија вадете ја само кога ќе го фрлате уредот. Пред да ја
отстраните батеријата, проверете дали уредот е исклучен од ѕидниот штекер
и дали батеријата е целосно празна.
Преземете ги сите неопходни мерки на претпазливост кога ракувате со
алати за отворање на уредот и кога ја фрлате батеријата на полнење.
Внимавајте, изводите од батериите се многу остри.
1 Свиткајте ја главата за бричење за да ја отстраните од рачката.
2 Вметнете рамен шрафцигер под работ на панелот и извадете го (Сл. 5).
3
Отстранете ги двата шрафа од врвот со торкс или рамен шрафцигер (Сл. 6).
4 Отстранете (Сл. 7) го предното куќиште со лизгање.
5 Скршете го мостот одозгора со клешта (Сл. 8) за сечење.
6 Вметнете рамен шрафцигер на која било страна од куќиштето на уредот
за бричење за да ги ослободите куките (Сл. 9).
7 Извлечете ја единицата за напојување од куќиштето (Сл. 10).
8 Свиткајте ги куките за закачување настрана и извадете го проѕирниот
капак од единицата (Сл. 11) за напојување.
Македонски
124