Important Information Manual
Table Of Contents
- Немојте да користите компримиран воздух, абразивни сунѓери,
абразивни средства за чистење или агресивни течности, како што се
бензин или ацетон за чистење на уредот.
- Доколку вашиот брич има систем за чистење, секогаш користете го
оригиналниот картриџ за Philips Quick Clean Pod.
- Секогаш поставувајте го системот за чистење на стабилна, рамна и
хоризонтална површина за да спречите истекување.
- Секогаш проверувајте дали одделот на картриџот е затворен пред да го
користите системот за чистење.
- Кога системот за чистење е подготвен за употреба, не го поместувајте за
да спречите истекување на течноста за чистење.
- Може да капе вода од штекерот на долниот дел на бричот кога го плакнете.
Ова е нормално и не е опасно затоа што сета електроника е затворена во
запечатена единица за напојување во внатрешноста на бричот.
- Не користете ја единицата за напојување на или близу до ѕидни
приклучоци што содржат електрични освежувачи за воздух за да
спречите непоправлива штета на единицата за напојување.
- Не користете го уредот на сува, испукана кожа, на отворени рани,
рани што зараснуваат, кожа што закрепнува по операција или доколку
страдате од кожна болест или иритација на кожата, како што се тешки
форми на акни, изгореници од сонце, кожни инфекции, рак на кожа,
воспаленија, егзема, псоријаза, алергија на најлон итн.
- Не користете го додатокот на четка за чистење ако земате лекови на база
на стероиди, бидејќи можат да предизвикаат иритација или повреда.
- Ако имате пирсинг на лицето, отстранете го пред да ги користите
додатоците што се прикачуваат со кликнување или осигурете се дека
нема да го користите уредот врз или во близина на пирсингот.
- Ако носите накит, контакт-леќи или очила, отстранете ги пред да ги
користите додатоците што се прикачуваат со кликнување или осигурете се
дека нема да го користите уредот врз или во близина на накит или очила.
- Внимавајте при ракување со вашиот паметен телефон во близина на вода
и во влажна средина.
- Краткобрановите радиофреквентни сигнали на Bluetooth® уредот може да
го нарушат функционирањето на другите електронски и медицински уреди.
- Исклучете го Bluetooth онаму каде што е забранет.
- Не користете го уредот во здравствени установи, авион, бензиски
станици, во близина на автоматски врати, автоматски аларми за пожар
или други уреди со автоматска контрола.
Македонски
121