User manual
Table Of Contents
- Содржина
- Вовед
- Општ опис
- Што значат иконите на рачката од уредот?
- Што значи иконата на мојот Quick Clean Pod?
- Како да го наполнам мојот уред?
- Како да го користам мојот уред и додатоците?
- Како да го чистам мојот уред и додатоците?
- Како да го користам Quick Clean Pod?
- Како да ги заменам главите за бричење?
- Поддршка
- Решавање проблеми
Станува видливо на
Quick Clean Pod.
Картриџот на Quick Clean
Pod треба да се замени.
Како да го наполнам мојот уред?
Полнете го уредот пред првото користење и
кога најдолното светло на индикаторот за
состојбата на батеријата трепка портокалово,
покажувајќи дека батеријата е речиси празна.
Полнењето трае приближно 1 час.
Брзо полнење: по приближно 5 минути
полнење, батеријата содржи доволно енергија
за едно бричење.
Кога уредот е целосно наполнет, тој може да
работи без кабел до 60 минути.
Забелешка: не може да го користите уредот
додека се полни.
Полнење со единицата за напојување
1 Осигурете се дека уредот е исклучен.
2 Внесете го малиот приклучок во уредот и
ставете го адаптерот во ѕидниот приклучок.
-
Додека уредот е во режим на брзо
полнење, светлата на индикаторот за
состојбата на батеријата ќе се вклучуваат
едно по друго. По околу 5 минути,
најдолното светло на индикаторот за
состојбата на батеријата ќе трепка. Сега
батеријата има доволно енергија за едно
бричење.
10
Македонски