Important Information Manual

- Ако батериите се оштетени или протекуваат, избегнувајте контакт со
кожата или очите. Ако се случи тоа, веднаш исплакнете добро со вода и
побарајте лекарска помош.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој Philips уред е во согласност со сите важечки стандарди и регулативи во
врска со изложеноста на електромагнетни полиња.
Директива за радио опрема
- Уредите од серијата S7000 се опремени со Bluetooth класа 2.
- Фреквенцискиот опсег на кој функционира Bluetooth на уредите од
серијата S7000 е 2,4 GHz.
- Максималната моќност на радиофреквенцијата којашто се емитува
во рамки на фреквенцискиот опсег во кој функционираат уредите од
серијата S7000 е помала од 20 dBm.
- Оваа опрема е направена така што производот е во согласност со
барањата од член 10(2) со оглед на тоа што со него може да се ракува
барем во една земја-членка на ЕУ, како што е испитано, и производот е
во согласност со член 10(10) со оглед на тоа што нема ограничување за
употреба во сите земји-членки на ЕУ.
- Со ова, Philips изјавува дека уредите од серијата S7000 се во согласност
со основните барања и другите важечки одредби на директивата
2014/53/EU. Декларацијата за усогласеност може да ја погледнете на
www.philips.com/support.
Општо
- Овој брич е водоотпорен (Сл. 2). Тој е погоден за употреба во бањата или
под туш и за чистење под млаз вода. Затоа, од безбедносни причини,
бричот може да се користи само без кабел.
- Единицата за напојување е погодна за мрежен напон од 100 до 240 волти.
- Единицата за напојување го трансформира напонот од 100-240 волти во
безбеден низок напон од помалку од 24 волти.
- Максимално ниво на бучава: Lc = 69 dB(A)
- Зборот и логоата на Bluetooth® се регистрирани трговски марки во
сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секое користење на тие марки од
страна на Koninklijke Philips N.V. е регулирано со лиценца.
Македонски
123