Important Information Manual

- Чувајте го уредот на оддалеченост од најмалку 20 см од пејсмејкери
и други медицински уреди. Радиобрановите може да го нарушат
функционирањето на пејсмејкерите и другите медицински уреди.
Безбедносни упатства за батеријата
- Користете го овој производ само за неговата предвидена намена и
следете ги општите и безбедносните упатства за батеријата како што е
опишано во упатствово за користење. Секое неправилно користење може
да доведе до електричен удар, изгореници, пожар или други опасности
или повреди.
- За полнење на батеријата, користете ја само напојната единица што се
откачува (HQ8505) дадена со производот. Не користете продолжен кабел.
- Полнете го, користете го и чувајте го производот на температура помеѓу
5 °C и 35 °C.
- Секогаш исклучете го производот од кабел кога е целосно наполнет.
- Не горете ги производите и нивните батерии и не изложувајте ги на
директна сончева светлина или на високи температури (на пр., во
жешки автомобили или во близина на жешки шпорети). Ако се прегреат,
батериите можат да експлодираат.
- Ако производот се загрее ненормално, испушта ненормален мирис,
ја промени бојата или ако полнењето трае подолго од вообичаено,
престанете со користењето и полнењето на производот и контактирајте
со локалниот дистрибутер на Philips.
- Не ставајте ги производите и нивните батерии во микробранови печки
или на индукциски шпорети.
- Овој производ содржи батерија на полнење што не се менува. Не
отворајте го производот за да ја замените батеријата на полнење.
- Кога ракувате со батериите, осигурете се дека рацете, производот и
батериите се суви.
- За да спречите прегревање на батериите или ослободување токсични или
опасни супстанции, не модифицирајте, не продупчувајте и не оштетувајте
ги производите и батериите и не расклопувајте ги, не предизвикувајте
краток спој, не преоптоварувајте ги и не полнете ги обратно батериите.
- За да се избегне случаен спој на батериите по отстранувањето, не
дозволувајте терминалите на батеријата да дојдат во контакт со метален
предмет (на пр., паричка, шнола за коса, прстени). Не завиткувајте
ги батериите во алуминиумска фолија. Залепете ги терминалите на
батеријата или ставете ги батериите во пластично ќесе пред да ги фрлите.
Македонски
122