Important Information Manual

Важни безбедносни информации
Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да ги користите уредот
и неговите додатоци и зачувајте ги за во иднина. Испорачаните додатоци може
да се разликуваат за различни производи. Кутијата покажува кои додатоци се
доставени со вашиот производ и дали производот поддржува Bluetooth.
Опасност
- Чувајте ја единицата за напојување сува (Сл. 1).
Предупредување
- За да ја наполните батеријата користете ја единицата што се прикачува
(HQ8505) дадена со уредот.
- Единицата за напојување содржи трансформатор. Не отсекувајте ја
единицата за напојување за да ја замените со друг приклучок бидејќи тоа
предизвикува опасна ситуација.
- Овој уред може да го користат деца на возраст од 8 години и повеќе, како
и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности или со
недостаток на искуство и знаење, доколку се под надзор или добиваат
инструкции за користењето на уредот на безбеден начин и ги разбираат
потенцијалните опасности. Децата не треба да си играат со уредот.
Децата не треба да го чистат или да го одржуваат уредот без надзор.
- Секогаш исклучувајте го уредот од струја пред да го чистите под чешма.
- Пред употреба, секогаш проверете го уредот. Не користете го уредот
доколку е оштетен, бидејќи тоа може да предизвика повреда. Секогаш
заменете го оштетениот дел со оригинален.
Течност за картриџ на Philips Quick Clean Pod
- Не голтајте.
- Да се чува подалеку од дофат на деца.
Внимание
- Не го потопувајте држачот за полнење и немојте да го плакнете под
чешма. (Сл. 1).
- За плакнење на бричот, никогаш не користете вода потопла од 60°C.
- Уредот користете го само за неговата предвидена намена како што е
прикажано во упатството за користење.
- Од хигиенски причини, уредот треба да го користи само едно лице.
Македонски
120