User manual

Нарачување додатоци
За да купите додатоци или резервни делови, одете
на www.shop.philips.com/service или одете кај
дистрибутер на Philips. Исто така, можете да се
јавите во Центарот за грижа за корисниците на
Philips во вашата држава (за детали за контакт
погледнете во листот со светска гаранција).
Достапни се следниве додатоци и резервни
делови:
- Чешел за глава за бричење за Philips SH30.
- Спреј за чистење на главата за бричење за
Philips HQ110.
Рециклирање
- Овој симбол означува дека овој производ не
треба да се фрла заедно со обичниот отпад од
домаќинствата (2012/19/EU).
- Овој симбол означува дека овој производ
содржи вградена батерија на полнење која не
треба да се фрла со обичниот отпад од
домаќинствата (2006/66/EC). Строго ви
препорачуваме да го однесете вашиот
производ до назначено место за собирање или
сервисен центар на Philips за да може
професионално лице да ја отстрани батеријата
на полнење.
- Придржувајте се до правилата во вашата земја
за посебно собирање на електрични и
електронски производи и батерии на полнење.
Правилното отстранување помага да се
спречат негативни последици за животната
средина и здравјето на човекот.
228
Македонски