User manual

Забелешка: Кога ќе го притиснете копчето за
вклучување/исклучување додека уредот е поврзан
во ѕидниот приклучок, светлото за наполнетост се
вклучува за да ве потсети да го откачите кабелот
на уредот пред употреба.
Користење на уредот
Забелешка: Овој уред може да се користи само без
кабел.
Совети и трикови за бричење
- Правете кружни движења за време на
користењето. Кружните движења обезбедуваат
подобри резултати при бричење отколку
правите движења.
- Може да се потребни 2 или 3 недели вашата
кожа да се навикне на системот за бричење од
Philips.
Вклучување и исклучување на уредот
1 За да го вклучите уредот, притиснете го еднаш
копчето за вклучување/исклучување.
2 За да го исклучите уредот, притиснете го еднаш
копчето за вклучување/исклучување.
Бричење
1 Вклучете го уредот.
2 Движете ги главите за бричење во кружни
движења преку кожата.
3 По бричењето, исклучете го уредот.
4 Исчистете го уредот (видете го поглавјето
Чистење и одржување“).
221
Македонски