User manual

- За најдобри резултати на чистење, ве
советуваме да го користите спрејот за чистење
на Philips (HQ110).
- Никогаш не чистете ги главата за бричење и
комората за собирање влакна со крпа или
ткаенина, затоа што тоа може да ги оштети
главите за бричење и приклучните вретена.
Чистење на единицата за бричење со четкичката за
чистење
1 Исклучете го уредот и осигурете се дека е
исклучен од ѕидниот приклучок.
2 Исчистете ја надворешноста на единицата за
бричење со четкичката за чистење.
3 Притиснете го копчето за отпуштање за да ја
отворите единицата за бричење.
4 Исчистете ја единицата за бричење и комората
за собирање влакна со испорачаната четкичка.
5 Затворете ја единица за бричење („клик“).
Темелно чистење
Еднаш месечно, темелно чистете ги главите за
бричење за оптимално бричење.
1 Исклучете го уредот и осигурете се дека е
исклучен од ѕидниот приклучок.
181
Македонски