User Guide
5Македонски
• Апаратот е предвиден за употреба при амбиентални температури помеѓу
10°C и 40°C.
Внимание
• Овој апарат е наменет само за стандардна употреба во домаќинства. Не
е наменет за употреба во опкружувања како што се кујни за персонал во
продавници, канцеларии, фарми или други работни опкружувања. Не
е наменет ниту за употреба од клиенти во хотели, мотели, угостителски
објекти кои нудат ноќевање и појадок и други видови сместување.
• Секогаш исклучувајте го апаратот од напојувањето ако го оставате без
надзор, како и пред склопување, расклопување, складирање или чистење.
• Немојте да го преместувате апаратот за готвење на пареа додека работи.
• Ако е потребна проверка или поправка на апаратот, секогаш носете
го во овластен сервисен центар на Philips. Не обидувајте се сами да го
поправате апаратот, во спротивно гаранцијата ќе биде поништена.
• Во резервоарот за вода користете единствено вода.
• Оставете го апаратот да се олади приближно 30 минути пред да ракувате
со него или да го чистите.
• Ставете го апаратот на стабилна, хоризонтална и рамна површина и
оставете најмалку 10 cm слободен простор околу него за да се спречи
прегревање.
• Не користете ја преградата на апаратот како простор за складирање,
освен за соодветните додатоци.
• Температурата, влажноста и времето се разликуваат во зависност од
видот и количината на храна што сте ја ставиле во апаратот.
• Ако апаратот се користи неправилно, ако се користи за професионални
или полупрофесионални цели или ако не се користи во согласност со
упатствата во прирачникот за корисници, гаранцијата ќе биде поништена
и Philips нема да прифати одговорност за настанатата штета.
• За да го наполните, дополните или да го испразните резервоарот за вода,
извадете го од апаратот. Не навалувајте го апаратот за да го испразните
резервоарот за вода.
• Ако треба да се отстранат течностите од комората за готвење, користете
сунѓер или слично. Немојте да го навалувате апаратот за да го испразните.
• Бидејќи храната има различно потекло, големина и бренд, погрижете се
да е соодветно зготвена пред да ја послужите.
• Откако ќе ја одмрзнете храната, немојте повторно да ја замрзнувате.
• Немојте да користите оцетна киселина за отстранување бигор.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој уред од Philips е усогласен со сите важечки стандарди и прописи што се
однесуваат на изложеноста на електромагнетни полиња.
Автоматско исклучување
Апаратот Air Cooker содржи функција за автоматско исклучување. Апаратот
ќе премине во режимот на подготвеност доколку не се користи подолго
од 20 минути ако е вклучен, но не е активиран режимот за готвење или
одржување на топлината. За да го исклучите апаратот рачно, притиснете
долго на ротирачкиот регулатор.










