User Guide
42 Македонски
Проблем Можнапричина Решение
Апаратот не се
вклучува.
Апаратот не е приклучен.
Проверете дали приклучокот е
соодветно вклучен во ѕидниот
штекер.
Во штекерот се приклучени
повеќе апарати.
Апаратот има голема снага.
Приклучете го во друг штекер и
проверете ги осигурувачите.
Забележувам лупење
на одредени места од
внатрешноста на мојот
Air Cooker и на некои од
додатоците.
Во комората за готвење или
на додатоците може да се
појават мали дамки поради
случајни допири или гребење
на површината (на пример,
при чистење со груби алати
за чистење и/или при
внесување на додатоци во
комората за готвење).
За да спречите оштетување,
внимателно внесувајте ги
подлогата/решетката/корпата или
другите додатоци во комората
за готвење без да ги удирате од
ѕидовите од комората. Имајте
предвид дека лупењето на мали
делови од слојот не претставува
опасност бидејќи материјалите
коишто се користат се безбедни за
храната.
Слушам чудни звуци
од внатрешноста на
апаратот.
Во апаратот е вграден
вентилатор којшто ја
пренасочува топлината до
храната, како и пумпа за
вода којашто учествува во
создавањето на пареата во
уредот.
Појавата на звукот е нормална
и предвидена. Ако звукот стане
погласен или видно се измени,
обратете со до центарот за
корисничка поддршка на Philips за
дополнителни совети.
Храната што ја зготвив
не излезе онака како
што очекував.
Ако сте готвеле по рецепт од
NutriU приспособен за вашиот
Air Cooker, можно е да не сте
се придржувале до насоките
за количина на употребените
состојки.
Кога готвите по рецепт од NutriU,
следете ја количината препорачана
во рецептот. Измените може да се
одразат врз зготвената храна.
Сте ги смениле параметрите
за готвење, како време,
температура или влажност, и
покрај препораките. Ова може
да се одрази врз зготвената
храна.
Следете го рецептот и менувајте
ги параметрите за готвење само
ако имате посебно барање, како
на пример кога сакате да ја готвите
храната подолго од препорачаното
или кога сакате говедското да биде
послабо испечено итн.










