User Guide

41Македонски
Компатибилност на уредот 
За детални информации во врска со компатибилноста на апликацијата,
погледнете ги информациите во App Store.
Фабричко ресетирање 
За фабричко ресетирање на Air Cooker, изберете ја функцијата за фабричко
ресетирање во менито Алатки → Поставки.
Потоа апаратот Air Cooker повеќе не е поврзан со вашата домашна Wi-Fi-
мрежа и не е впарен со вашиот паметен уред.
Отстранување на проблеми 
Во оваа глава се опишани најчестите проблеми со коишто може да се
соочите при користење на апаратот. Ако не можете да го решите проблемот
со помош на информациите наведени подолу, посетете ја веб-страницата
www.philips.com/support за да најдете листа на најчести прашања или
обратете се на центарот за корисничка поддршка во вашата земја.
Проблем Можнапричина Решение
Надворешноста на
апаратот се вжештува за
време на употребата.
Топлината од внатрешноста
на комората за готвење се
шири кон надворешните
ѕидови.
Тоа е нормално. Рачките и
копчињата коишто ги допирате
за време на употребата нема да
бидат топли на допир.
Комората за готвење, подлогата
и решетката, корпата, садовите
за готвење (кај некои модели),
вториот кат (кај некои модели)
и рачките што се вовлекуваат
секогаш се вжештуваат додека
уредот за употребува за да може
храната соодветно да се зготви.
Овие делови се секогаш врели на
допир.
Ако апаратот е вклучен подолго
време, некои делови стануваат
врели на допир. Овие делови на
уредот се обележани со следната
икона:
Ако имате предвид дека одредени
делови се вжештуваат и не ги
допирате, уредот е целосно
безбеден за употреба.