User Guide
40 Македонски
Рециклирање
• Немојте да го фрлате производот што е на крајот од неговиот век на
траење со отпадот од домаќинството, туку предадете го на официјалниот
пункт за собирање производи за рециклирање. На овој начин ќе
придонесете за заштита на животната средина.
• Придржувајте се до законите во вашата земја за одделно собирање на
електричните и електронските производи. Правилното фрлање помага
во спречувањето на негативните последици по животната средина и
човековото здравје.
Декларација за усогласеност
На овој начин, компанијата DAP B.V. изјавува дека апаратот Air Cooker
NX096x е усогласен со Директивата 2014/53/EU.
Целосниот текст на декларацијата за усогласеност на ЕУ е достапен на
следната интернет-адреса: https://www.philips.com.
Апаратот Air Cooker NX096x е опремен со WiFi-модул, 2,4 GHz 802.11 b/g/n
со максимална излезна моќност од 92,9 mW EIRP.
Гаранција и поддршка
Доколку ви се потребни информации или поддршка, посетете ја веб-
страницата www.philips.com/support, скенирајте го QR-кодот којшто
се наоѓа на амбалажата или во воведната брошура или прочитајте го
меѓународниот гарантен лист.
Ажурирања на софтверот и фирмверот
Ажурирањето е важно за заштита на вашата приватност и за правилно
работење на апаратот Air Cooker и апликацијата.
Секогаш ажурирајте ја апликацијата со најновата верзија.
Апаратот Air Cooker го ажурира фирмверот на апаратот автоматски.
Забелешка
• За да овозможите ажурирање на апаратот Air Cooker со најновата
верзија на фирмверот, проверете дали Air Cooker е поврзан со
домашната WiFi-мрежа.
• Секогаш користете ги најновата апликација и фирмвер.
• Ажурирања се достапни кога има подобрувања за софтверот.
• Ажурирањето на фирмверот започнува автоматски кога апаратот Air
Cooker е во режим на подготвеност. Ажурирањето трае неколку минути.
Во текот на овој период апаратот Air Cooker не може да се користи.










