User Guide

4 Македонски
готвење на пареа. Немојте да го поставувате апаратот на или близу до
жежок плински шпорет, кој било електричен шпорет и електрични грејни
плочи или во загреана рерна.
Немојте да го потпирате апаратот на ѕид или на други апарати или да го
поставувате под предмети коишто пареата може да ги оштети, како што се
ѕидови и ормани. Оставете најмалку 10 cm слободен простор од задната
страна, од двете бочни страни и над апаратот. Не ставајте ништо врз
апаратот.
За време на употребата, од отворите за излез на воздух се ослободува
врела пареа. Држете ги рацете и лицето на безбедно растојание од
пареата и од отворите за излез на воздух
Апаратот е опремен со калено стакло, но ако стаклото е оштетено
престанете да го користите апаратот и контактирајте со најблискиот
сервисен центар.
Кабелот за напојување држете го подалеку од жешки површини.
Додатоците може да се вжештат за време и по употребата на апаратот, па
секогаш ракувајте внимателно.
Внимавајте на врелата пареа што излегува од апаратот при готвењето, во
режимот за одржување на топлината или кога го отворате капакот. Кога ја
проверувате храната, секогаш користете кујнски прибор со долга рачка.
Апаратот употребувајте го единствено за намените опишани во овој
прирачник и користете само оригинални додатоци од Philips.
Немојте да користите додатоци или делови од други производители што
не се изречно препорачани од Philips. Доколку користите вакви додатоци
или делови, вашата гаранција ќе престане да важи.
Секогаш користете го наменскиот додаток за обработка на вашата храна.
Никогаш не ставајте ја храната во директен контакт со генераторот за
пареа на дното.
Не го оставајте апаратот да работи без надзор, секогаш имајте контрола
над апаратот.
Секогаш користете го апаратот со правилно затворен капак.
Ако ја користите функцијата „sous vide“ (во вакуум), користете само
висококвалитетни кеси „sous vide“.
Користете ја функцијата „sous vide“ на апаратот само ако користите кеси
„sous vide“, во спротивно кесите „sous vide“ може да се стопат.
Употребата на функцијата „sous vide“ на температури под 50°C не се
препорачува бидејќи може да предизвика развој на бактерии.
Пред да го вклучите апаратот, проверете дали напонот наведен на
апаратот одговара на напонот на локалната електрична мрежа.
Немојте да го поставувате апаратот на или близу до запаливи материјали
како што се чаршаф или завеса.
Пред првото користење и по секоја употреба на апаратот, темелно
исчистете ги деловите што доаѓаат во допир со храната. Погледнете ги
упатствата во прирачникот.
На пареа никогаш немојте да готвите замрзнато месо, живина или морски
плодови. Секогаш оставајте ги овие состојки целосно да се одмрзнат пред
готвењето на пареа.
Површините што се допираат може да станат врели додека работи
апаратот.