User Guide
38 Македонски
Користете програми за автоматско чистење
Плакнење
Ако не сте го користеле Air Cooker подолго време, ви препорачуваме да ја
користите програмата за плакнење. Плакнењето ќе го измие внатрешниот
систем со вода.
Едноставно чистење
Функцијата EasyClean помага за растворање на масните остатоци и
темелно чистење на комората за готвење. Програмата трае 20 минути. Кога
програмата ќе заврши, пребришете ја комората за готвење со влажна крпа.
Отстранување бигор
Вашиот Air Cooker ќе ви испрати известување на екранот кога ќе има
потреба да го отстраните бигорот.
Забелешка
• Ви препорачуваме да го отстраните бигорот од апаратот кога ќе го
видите известувањето за да не се запуши. Прескокнете го известувањето
доколку не сакате веднаш да го отстраните бигорот. Следниот пак кога
ќе го вклучите Air Cooker, повторно ќе добиете известување.
1. Појдете до „Алатки → Отстранување бигор“ на екранот од апаратот.
Забелешка
• Уредот треба да е вклучен, а во комората за готвење да нема течност.
Ако уредот е топол, оставете го да се олади со отворен капак најмалку
30 минути.
2. Истурете околу 80 ml од течноста за отстранување бигор Philips CA6700
или лимонска киселина во празниот резервоар за вода и вратете го
резервоарот назад во апаратот без да го надополнувате со вода.
Забелешка
• Користете само вода за отстранување бигор од Philips или лимонска
киселина. Никогаш немојте да користите течност за отстранување бигор
на база на сулфурна киселина, хидрохлорна киселина, сулфамична или
оцетна киселина (оцет) бидејќи може да го оштетат системот за вода на
апаратот и да не го отстранат бигорот докрај.
3. Притиснете „продолжи“ за да започнете со отстранување на бигорот.
Забелешка
• Апаратот ќе го ослободи растворот за отстранување бигор. Растворот ќе
се насобере на дното од комората за готвење.
4. Почекајте до следното упатство на екранот. Постапката ќе трае
приближно 10 минути.










