User Guide
33Македонски
Рачен режим
Овој режим е наменет за корисници на Air Cooker коишто се веќе
запознаени со уредот и имаат претходно искуство во готвење по рецепт или
готвење состојки.
Во овој режим можете да ги поставите рачно сите параметри за готвење,
како време, температура и влажност.
Можете да поставите време од 1 до 60 минути, а температура од 60°C до
160°C. Постојат три поставки за влажност, односно (исклучена влажност),
(средна влажност) и (висока влажност).
Додатоци
Air Cooker се испорачува со основни додатоци, како и одреден број
дополнителни додатоци, во зависност од моделот што сте го купиле.
Погледнете во продолжение како можете да ги комбинирате додатоците
кога готвите со апаратот Air Cooker.
Забелешка
• Секогаш користете го Air Cooker со подлогата и решетката. Сите
останати додатоци се поставуваат над нив.
Само подлога и решетка
Подлога и решетка, заедно со корпа
Подлога и решетка, заедно со сад за
готвење










