User Guide

3Македонски
Важно
Пред да го користите апаратот внимателно прочитајте го овој документ со
важни информации и зачувајте го за идни потреби.
Опасност
Немојте никогаш да го потопувате апаратот во вода ниту да го плакнете
под чешма.
Не полнете ја комората за готвење со вода бидејќи тоа може да
предизвика струен удар.
Немојте да ја полните комората за готвење или тавата со масло бидејќи
тоа може да предизвика пожар.
Немојте да го користите апаратот ако е оштетен приклучокот, кабелот за
напојување или самиот апарат.
Не користете остри или шилести алатки за чистење на млазницата за вода
во комората за готвење бидејќи тоа може да ја уништи млазницата.
Немојте да ги покривате отворите за влез и излез на воздух додека работи
апаратот.
Никогаш немојте да ја допирате внатрешноста на апаратот додека работи.
Никогаш немојте да ставате количина на храна што го надминува нивото
со ознака MAX на додатоците или што го допира капакот.
Предупредување
Во случај на оштетување, кабелот за напојување мора да го замени
компанијата Philips, нејзин сервисер или други лица со слични
квалификации за да се избегне опасност.
Апаратот приклучувајте го само во заземјен ѕиден штекер. Секогаш
проверувајте дали приклучокот правилно сте го вметнале во штекерот.
Овој апарат не е наменет за употреба со надворешен тајмер или со
засебен систем за далечинско управување.
Површините што се допираат може да станат врели додека работи апаратот.
Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со
ограничени физички, сензорни или ментални способности или лица
со недостаток на искуство и знаење, под услов да се под надзор или да
добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат
можните опасности. Децата не смеат да си играат со апаратот. Чистење
и корисничко одржување смеат да вршат деца постари од 8 години под
надзор на возрасно лице.
Апаратот и кабелот држете ги подалеку од дофат на деца помлади од 8
години.
Никогаш не користете лесни или запаливи состојки или хартија за печење
во апаратот
Не изложувајте го подножјето на апаратот на високи температури, врел
гас, пареа или влажна топлина од други извори, освен самиот апарат за