NX0960 Упатство за користење
Содржина Важно Електромагнетни полиња (EMF) Автоматско исклучување Вовед Преглед Опис на функциите Пред првото користење Поврзување на Air Cooker со апликацијата NutriU Подготовка за употреба Употреба на Air Cooker Режими на готвење Готвење по рецепт преку апликацијата NutriU Режим „Состојки“ Режим „Начин на готвење“ Рачен режим Додатоци Гласовна контрола Чистење Општо Табела за чистење Користете програми за автоматско чистење Складирање Рециклирање Де
Важно Пред да го користите апаратот внимателно прочитајте го овој документ со важни информации и зачувајте го за идни потреби. Опасност • Немојте никогаш да го потопувате апаратот во вода ниту да го плакнете под чешма. • Не полнете ја комората за готвење со вода бидејќи тоа може да предизвика струен удар. • Немојте да ја полните комората за готвење или тавата со масло бидејќи тоа може да предизвика пожар. • Немојте да го користите апаратот ако е оштетен приклучокот, кабелот за напојување или самиот апарат.
• • • • • • • • • • • • • • • • • • • 4 готвење на пареа. Немојте да го поставувате апаратот на или близу до жежок плински шпорет, кој било електричен шпорет и електрични грејни плочи или во загреана рерна. Немојте да го потпирате апаратот на ѕид или на други апарати или да го поставувате под предмети коишто пареата може да ги оштети, како што се ѕидови и ормани. Оставете најмалку 10 cm слободен простор од задната страна, од двете бочни страни и над апаратот. Не ставајте ништо врз апаратот.
• Апаратот е предвиден за употреба при амбиентални температури помеѓу 10°C и 40°C. Внимание • Овој апарат е наменет само за стандардна употреба во домаќинства. Не е наменет за употреба во опкружувања како што се кујни за персонал во продавници, канцеларии, фарми или други работни опкружувања. Не е наменет ниту за употреба од клиенти во хотели, мотели, угостителски објекти кои нудат ноќевање и појадок и други видови сместување.
Вовед Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips! За да ја искористите целосната поддршка што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome. Апаратот Air Cooker од Philips ја користи технологијата NutriFlavor за да овозможи оптимална средина со струење на топол воздух и влажност за совршено готвење на секое јадење. Крцкав зеленчук, сочна риба, меко месо и меко печиво чиишто хранливи состојки се задржуваат до 90 %*.
Преглед 1 9 2 3 4 10 5 6 7 11 12 8 1. Стаклен капак 2. Решетка за струење на топол воздух 3. Комора за готвење 4. Ротирачки регулатор 5. Екран 6. Отвор за пареа 7. Копче за отворање на капакот 8. Резервоар за вода + капак 9. Втор кат (се продава одделно) 10. Корпа 11. Сад за готвење (кај некои модели) 12.
Опис на функциите Резервоар за вода Апаратот Air Cooker содржи резервоар за вода којшто се наоѓа на задната страна. Максималното ниво на вода е 600 ml. Ознаката MAX за нивото на вода се наоѓа на страната со рачката од резервоарот за вода и не треба да се надминува. За да избегнете насобирање на бигор, празнете го резервоарот за вода по секој циклус на готвење.
Поставка за влажност Некои од достапните начини за готвење имаат зададена, препорачана поставка за влажност којашто не може да се прилагодува бидејќи готвењето со друга влажност може да влијае врз крајниот резултат. За да ја смените поставката за влажност, користете го рачниот режим (погледнете ја главата „Режими на готвење“). Adjust humidity 160°C 20:00 Три нивоа на влажност Опис Употреба во режим на готвење Исклучена влажност Печење Средна влажност Погледнете рецепти во апликацијата NutriU.
Звучни известувања Повремено ќе слушнете звук, на пример ако апаратот завршил со готвењето или ако треба да се направи следниот чекор, како на пример да се додаде нова состојка. Претходно загревање При одредени начини на готвење, како на пример при печење, апаратот треба претходно да се загрее. Известувањето за претходно загревање автоматски се појавува во режимите за готвење во коишто е потребно загревање на апаратот.
Поврзување на Air Cooker со апликацијата NutriU Важно • Паметниот уред треба да ви биде поврзан со домашната WiFi-мрежа пред да започнете со процесот на поставување на WiFi. 1. Вклучете го апаратот. 2. Притиснете го ротирачкиот регулатор за да го вклучите апаратот. Забелешка • При првото вклучување на апаратот, ќе имате можност да го изберете јазикот на којшто сакате да се движите низ менито. 3. Движете се низ листата додека не се подвлече саканиот јазик. Back English Deutsch Francais Español 4.
6. Ако одлучите да се поврзете веднаш, појдете до опцијата „Да, молам“. Забелешка • Ве советуваме да ја преземете апликацијата NutriU и да го додадете вашиот апарат Air Cooker во апликацијата штом го поставите апаратот за првпат. На овој начин ќе го извлечете максимумот од вашиот Air Cooker, како на пример да готвите од далечина и да добивате известувања за текот на готвењето. 7. Се прикажува QR-код. Скенирајте го и преземете ја апликацијата NutriU.
Важно • Далечинско управување: можете далечински да управувате со апаратот Air Cooker преку апликацијата (на пр. да испратите рецепт, да паузирате со готвењето) само ако сте ја избрале опцијата „согласност за далечинско ракување“ на вашиот профил NutriU во апликацијата NutriU. • Домашната WiFi-мрежа со којашто ќе го поврзете апаратот Air Cooker треба да биде 2,4 GHz 802.11 b/g/n. • Впарување со еден корисник: со апаратот Air Cooker истовремено далечински може да ракува само еден корисник.
Употреба на Air Cooker 1. Приклучете го апаратот Air Cooker. 2. Притиснете го ротирачкиот регулатор за да го вклучите апаратот Air Cooker. 3. Наполнете го резервоарот за вода. : always excluded for manual 3a. Отстранете го резервоарот за вода од задната страна на Air Cooker и отворете го капакот. 3b. Наполнете го со вода до ознаката MAX. Забелешка • Ознаката MAX за нивото на вода се наоѓа на страната со рачката од резервоарот за вода и не треба да се надминува.
3c. Вратете го капакот на резервоарот за вода и прикачете го резервоарот на апаратот Air Cooker. Забелешка • Бидејќи количината на вода којашто ви е потребна за готвење зависи од видот на храната и времетраењето на готвењето, можеби ќе треба да го надополните резервоарот за вода за време на готвењето. На лентата којашто го прикажува статусот на готвење во апликацијата NutriU, како и на екранот од апаратот ќе се прикаже ознака за ниско ниво на водата. 4. Ставете ја храната во апаратот Air Cooker.
8. Готвењето е во тек. Се вклучуваат генераторот за пареа и вентилаторот. Забелешка • Притиснете го ротирачкиот регулатор кога сакате да го прекинете процесот на готвење, како на пример за да ги прилагодите параметрите за готвење. За да продолжите со готвењето, притиснете го повторно ротирачкиот регулатор. • Не поставувајте го Air Cooker во близина на друг апарат за готвење, кујнски ѕид или под кујнски ормани бидејќи пареата може да кондензира и да се слее по површините.
Режими на готвење Режим Како се користи Ниво на вештини на корисник на Air Cooker Готвење по рецепт Изберете рецепт од апликацијата и испратете го до Air Cooker. Автоматизирано готвење за сите нивоа: детално упатство Состојки Изберете состојки, а потоа и начинот на готвење. Air Cooker автоматски ги прилагодува температурата и влажноста. Прилагодете го времето за добивање на саканиот краен резултат и започнете со готвење. Почетник: детално упатство 3 Начини на готвење Изберете начин на готвење.
2. Притиснете го ротирачкиот регулатор за да го вклучите апаратот Air Cooker. 3. Отворете ја апликацијата NutriU на вашиот паметен уред и изберете рецепт. 4. Допрете на „Започни со употреба“. • Соодветната поставка се прикажува во апликацијата NutriU, како и на вашиот апарат. 5. Прилагодете го времето доколку има потреба и започнете со готвење од апликацијата или од апаратот.
Забелешка • Апликацијата се ажурира автоматски одвреме-навреме. За оваа цел, апаратот Air Cooker треба да е поврзан со домашната WiFi-мрежа. 1. Приклучете го апаратот Air Cooker. 2. Притиснете го ротирачкиот регулатор за да го вклучите апаратот Air Cooker. 3. Вртете го ротирачкиот регулатор додека не изберете Состојки. Ingredients 4. Притиснете го ротирачкиот регулатор за да потврдите.
5. Завртете го ротирачкиот регулатор за да ја изберете состојката со која што сакате да готвите. Притиснете го ротирачкиот регулатор за да потврдите. Ingredients Back Vegetables Root & starchy veggies Grains Meat 2 1 6. Изберете еден од препорачаните начини на готвење и потврдете. Cooking methods Back Air Steam Steaming Roast 7. Притиснете го ротирачкиот регулатор за да започнете со готвењето.
Состојки Состојка Количина Начини Влажност Време Претходно Температура на на загревање на готвење готвење готвење 600 g Печење 160°C 20 мин. да 120°C 17 мин. не 120°C 25 мин. не 160°C 20 мин. да 120°C 12 мин. не 120°C 12 мин. не 120°C 12 мин. не 120°C 12 мин. не 120°C 40 мин. не 120°C 35 мин. не 160°C 45 мин. да Готвење на пареа при 120 °C повисока температура 20 мин. не Печење 160°C 30 мин. да Готвење на пареа при 120°C повисока температура 30 мин. не Печење 30 мин.
Состојки Жито Месо 22 Влажност Време Претходно Температура на на загревање на готвење готвење готвење Состојка Количина Начини Моркови 750 g Готвење на пареа при 120°C повисока температура 25 мин. не 750 g Печење 160°C 25 мин. да Басматиориз 200 g ориз/ 550 ml вода 120°C 25 мин. не Јасминов ориз 200 g/ 550 ml 120°C 25 мин. не Ориз со долги и полни зрна 200 g/ 550 ml 120°C 40 мин. не Просо 200 g/ 400 ml 120°C 20 мин. не Киноа 200 g/ 550 ml вода 120°C 25 мин.
Состојки Состојка Месо од свински стомак Свинско ребро Живина Пилешки гради Количина Начини Влажност Време Претходно Температура на на загревање на готвење готвење готвење 1000 g Печење 160°C 60 мин. да 1000 g Печење 160°C 60 мин. да Готвење на 550 g пареа при (3 120°C повисока парчиња) температура 25 мин. не 550 g 160°C 25 мин. да Готвење на пареа при 120°C повисока температура 25 мин. не 550 g Печење 160°C 25 мин. да 1450 g Печење 160°C 60 мин.
Состојки Состојка Количина Јајца Тврдо варено јајце 560 g/ 10 јајца Ровко варено јајце 560 g/ 10 јајца Начини Влажност Време Претходно Температура на на загревање на готвење готвење готвење Готвење на пареа при 120°C повисока температура Готвење на пареа при 120°C повисока температура 12 мин. не 8 мин. не Забелешка • Во NutriU е достапен рецепт за секоја состојка. Погледнете ја апликацијата за повеќе информации.
Забелешка • При одредени начини на готвење, како на пример при печење, апаратот треба претходно да се загрее. • Ако сте готвеле и апаратот Air Cooker е веќе загреан, можете да го прескокнете загревањето и веднаш да започнете да готвите. • Тајмерот за загревање на апаратот е поставен на 5 минути и не може да се прилагодува. Предупредување • За време на употребата, од отворите за излез на воздух се ослободува врела пареа.
Состојки Жито Месо Живина Риба и морска храна Јајца Состојка Количина Време на готвење Компир исечкан на четвртинки 600 g 35 мин. Портокалов сладок компир исечкан на четвртинки 600 g 20 мин. Тиква исечкана на коцки 750 g 30 мин. Моркови 750 g 25 мин. Басмати-ориз 200 g ориз/550 ml вода 25 мин. Јасминов ориз 200 g/550 ml 25 мин. Ориз со долги и полни зрна 200 g/550 ml 40 мин. Просо 200 g/400 ml 20 мин. Киноа 200 g/550 ml вода 25 мин. Јачмен 200 g/600 ml 40 мин.
Времето на готвење дадено во табелата е насока за готвење свежи состојки. Ако за зададеното време на готвење не ги постигнете очекуваните резултати, прилагодете го времето на готвење. Состојки Состојка Количина Време на готвење Зеленчук Спанаќ 250 g 10 мин. Брокола 600 g 14 мин. Тиквички 500 g 17 мин. Карфиол 600 g 17 мин. Боранија 500 g 19 мин. Прокељ 500 g 14 мин. Аспарагус 750 g 14 мин. Бабура 500 g 14 мин. Домати 750 g 14 мин. Модар патлиџан 750 g 27 мин.
Времето на готвење дадено во табелата е насока за готвење свежи состојки. Ако за зададеното време на готвење не ги постигнете очекуваните резултати, прилагодете го времето на готвење. Состојки Зеленчук Коренест и скробен зеленчук Месо Живина Риба и морска храна Состојка Количина Време на готвење Брокола 600 g 13 мин. Карфиол 500 g 20 мин. Модар патлиџан 680 g 20 мин. Домат 750 g 15 мин. Прокељ 500 g 15 мин. Бабура 500 g 20 мин. Компир исечкан на четвртинки 600 g 45 мин.
Времето на готвење дадено во табелата е насока за печење разни типови храна. Ако за зададеното време на печење не ги постигнете очекуваните резултати, прилагодете го времето на готвење. Состојки Состојка Време на готвење Торта Чизкејк 40 мин. Смеса за торта 30 мин. Смеса за торта „Сахер“ 30 мин. Мафини 20 мин. Грантирани јадења Леб Штрудлички со цимет 30 мин. Грантирани компири 60 мин. Лазања 50 мин. Киш 45 мин. Леб 40 мин. Плетенки со лук 25 мин.
„Sous vide“ „Sous vide“ е посебен начин на готвење со вакуум на ниска температура којшто овозможува прецизно готвење на храната. За да создадете вакуум, користете ги наменските пластични кеси за готвење „sous vide“ и уред за вакуумирање. Air Cooker може да готви со начинот „sous vide“ до 3 часа. Со оваа поставка ќе зготвите сочно и меко месо, без да се плашите дека ќе претерате со готвењето. Совет • „Sous vide“ може да се користи во комбинација и со други начини на готвење.
Состојки Состојка Температура на готвење Морска храна Ракчиња, со лушпа, средна големина, 400 g Риба 4 x филети од лосос, 150 g Јајца 10 јајца со средна големина 10 јајца со средна големина Зеленчук Десерти Влажност на готвење Време на готвење Ниво на подготвеност 56°C 40-65 мин. Непроѕирнo, путерестo, сочнo 52°C 45-70 мин. Цврсто, лесно се двои 66°C 55-70 мин. Слично на поширани, тврда белка и ровка жолчка 74°C 60-75 мин. Тврдо варени Аспарагус, 250 g 85°C 12-18 мин.
Состојки Состојка Количина Време на одмрзнување Живина Цела кокошка 1200 g 30 мин. Печиво Леб/погачки Готови јадења Пилешки гради 400 g 15 мин. Пилешки батаци 400 g 13 мин. Лиснато тесто 300 g 10 мин. Смеси 500 g 15 мин. Штрудлички со цимет 500 g 13 мин. Земички 500 g 13 мин. ‘Ржан леб 500 g 15 мин. Леб со цели зрна 500 g 15 мин. Бел леб 500 g 15 мин. Супи 1000 g 25 мин. Чорби 1000 g 30 мин. Ориз 250 g 8 мин.
Рачен режим Овој режим е наменет за корисници на Air Cooker коишто се веќе запознаени со уредот и имаат претходно искуство во готвење по рецепт или готвење состојки. Во овој режим можете да ги поставите рачно сите параметри за готвење, како време, температура и влажност. Можете да поставите време од 1 до 60 минути, а температура од 60°C до 160°C. Постојат три поставки за влажност, односно (исклучена влажност), (средна влажност) и (висока влажност).
Подлога и решетка, заедно со втор кат Подлога и решетка, заедно со корпа и втор кат Подлога и решетка, заедно со сад за готвење и втор кат Гласовна контрола 1. Air Cooker треба да е поврзан и впарен со вашиот паметен уред и да сте дале согласност за далечинско ракување на вашиот профил во апликацијата NutriU. 2. Треба да ви биде преземена апликацијата за гласовен асистент. 3. Поврзете ја апликацијата NutriU со апликацијата за гласовен асистент.
Чистење Општо Важно • Немојте да користите метален кујнски прибор или абразивни материјали за чистење бидејќи може да го оштетат нелепливиот слој. • Не користете остри или шилести алатки за чистење на млазницата за вода во комората за готвење бидејќи тоа може да ја уништи млазницата. Забелешка • Внатрешноста на уредот, подлогата, корпата, садот за готвење и вториот кат се обложени со нелеплив слој. • При првата употреба на апаратот, темелно пребришете ја комората за готвење со топла вода.
5. Чистете ги подлогата, корпата, садот за готвење и вториот кат во машина за миење садови. Можете да ги исчистите и со топла вода, течност за миење садови и неабразивен сунѓер (погледнете во „Табела за чистење“). 6. Избришете ја надворешноста на апаратот со влажна крпа. 7. Внатрешноста на апаратот треба да е целосно сува пред да го складирате со затворен капак.
Табела за чистење Забелешка • Користете ја функцијата „Плакнење“ или „Едноставно чистење“ за темелно да ја исчистите внатрешноста на комората за готвење.
Користете програми за автоматско чистење Плакнење Ако не сте го користеле Air Cooker подолго време, ви препорачуваме да ја користите програмата за плакнење. Плакнењето ќе го измие внатрешниот систем со вода. Едноставно чистење Функцијата EasyClean помага за растворање на масните остатоци и темелно чистење на комората за готвење. Програмата трае 20 минути. Кога програмата ќе заврши, пребришете ја комората за готвење со влажна крпа.
5. Испразнете го резервоарот за вода, исплакнете го и наполнете го со свежа вода до ознаката MAX. 6. Потоа, притиснете „OK“ со ротирачкиот регулатор на екранот за да потврдите. Уредот ќе го исплакне системот со вода со свежа вода. 7. По плакнењето, притиснете „OK“ за да го завршите процесот на отстранување бигор. 8. Избришете го долниот дел од комората за готвење со сува крпа.
Рециклирање • Немојте да го фрлате производот што е на крајот од неговиот век на траење со отпадот од домаќинството, туку предадете го на официјалниот пункт за собирање производи за рециклирање. На овој начин ќе придонесете за заштита на животната средина. • Придржувајте се до законите во вашата земја за одделно собирање на електричните и електронските производи. Правилното фрлање помага во спречувањето на негативните последици по животната средина и човековото здравје.
Компатибилност на уредот За детални информации во врска со компатибилноста на апликацијата, погледнете ги информациите во App Store. Фабричко ресетирање За фабричко ресетирање на Air Cooker, изберете ја функцијата за фабричко ресетирање во менито Алатки → Поставки. Потоа апаратот Air Cooker повеќе не е поврзан со вашата домашна Wi-Fiмрежа и не е впарен со вашиот паметен уред. Отстранување на проблеми Во оваа глава се опишани најчестите проблеми со коишто може да се соочите при користење на апаратот.
Проблем Можна причина Решение Апаратот не се вклучува. Апаратот не е приклучен. Проверете дали приклучокот е соодветно вклучен во ѕидниот штекер. Во штекерот се приклучени повеќе апарати. Апаратот има голема снага. Приклучете го во друг штекер и проверете ги осигурувачите. Во комората за готвење или на додатоците може да се појават мали дамки поради случајни допири или гребење на површината (на пример, при чистење со груби алати за чистење и/или при внесување на додатоци во комората за готвење).
Проблем Можна причина Решение Сте користеле начин на готвење којшто не е предвиден за храната што сте ја зготвиле, односно ако готвите зеленчук со листови со поставката за готвење на пареа при повисока температура, може да добиете преварена и кашеста храна. Користете ја поставката за пареа и погледнете ги главите за готвење во упатството за користење за повеќе информации. Погледнете ги главите за готвење во упатството за користење за повеќе информации и насоки за готвење на различни начини.
Проблем LED-индикаторот за WiFi на мојот Air Cooker престана да свети. Можна причина Решение Во маринадата, течностите или соковите од месото се забележуваат маснотии Соберете го вишокот течности од храната со тапкање пред да ја ставите во Air Cooker. Следете го процесот за поставување на WiFi со внесување на Алатки → Поставки → Поставување на WiFi на вашиот апарат и придржувајте се до упатствата коишто се прикажуваат на апаратот и апликацијата. Почекајте другиот корисник да заврши со готвењето.
© 2022 Philips Domestic Appliances Holding B.V. Сите права се задржани.