operation manual
3 Почнете
Наполнете ја батеријата
Забелешка
Пред да ги користите вашите слушалки за прв пат,
полнете ја батеријата во текот на 2 часа, заради
оптимален капацитет и траење на батеријата.
Користете го само оригиналниот кабел за USB
полнење, за да избегнете некакво оштетување.
Завршете го вашиот повик пред да го започнете
полнењето на слушалките, затоа што поврзувањето
на слушалките за полнење ќе ги исклучи слушалките.
Поврзете го испорачаниот USB кабел за
полнење со:
• USB тип C процеп за полнење на
слушалките и;
• Полнач/USB приклучна порта на
компјутерот.
Совет
Вообичаено, целосното полнење трае 2 часа.
Спарете ги слушалките со
вашиот мобилен телефон
Осигурете се дека слушалките се целосно
наполнети и исклучени.
Осигурете се дека мобилниот телефон е
вклучен, а неговата Bluetooth функција е
активирана.
Слушалките остануваат во режимот
на спарување во текот на 3 минути.
Пред за прв пат да ги користите слушалките со
вашиот мобилен телефон, спарете ги со
мобилниот телефон. Успешното спарување
воспоставува уникатна шифрирана врска
помеѓу слушалките и мобилниот телефон.
Слушалките ги складираат последните 8 уреди
во меморијата. Ако се обидете да спарите
повеќе од 8 уреди, последниот спарен уред ќе
биде заменет со новиот.
Следниот пример ви покажува како да ги
спарите слушалките со вашиот мобилен
телефон.
Се вклучува белата LED сијаличка за
време на полнењето и се исклучува кога
слушалките ќе бидат целосно наполнети.
Притиснете и држете го во текот на
5 секунди, сė додека сината и белата LED
сијаличка наизменично трепкаат.
Philips Fidelio L3
Спарете ги слушалките со мобилниот
телефон. За подетални информации
погледнете во прирачникот за корисникот
на вашиот мобилен телефон.
Активирајте ја Bluetooth функцијата на
вашиот мобилен телефон, изберете
Philips Fidelio L3
MK










