operation manual

1 Важни
безбедносни
упатства
Безбедност на слухот
За да го избегнете оштетувањето на слухот, ограничете
го времето на користење на слушалките со висока
јачина на звукот и поставете ја јачината на звукот на
безбедно ниво. Колку што е погласен звукот, толку е
пократко времето на безбедно слушање.
Осигурете се дека ги почитувате следните
упатства, кога ги користите вашите слушалки.
Слушајте со разумно ниво на јачина на
звук, во текот на разумни временски
периоди.
Внимавајте постојано да не ја зголемувате
јачината на звукот, бидејќи вашиот слух се
прилагодува на неа.
Не зголемувајте ја јачината на звукот
толку многу да не можете да чуете што се
случува околу вас.
Треба да бидете претпазливи или
привремено да прекинете со употребата
во потенцијално опасни ситуации.
Прекумерниот звучен притисок од
слушалките може да предизвика губење
на слухот.
Не се препорачува користењето на
слушалките кои ги покриваат двете уши
додека возите и може да биде нелегално
во некои области.
Заради ваша безбедност избегнувајте го
одвлекувањето на вниманието од страна
на музиката или телефонските повици,
додека се наоѓате во сообраќај или во
некои други потенцијално опасни средини.
Општи информации
За да се избегне оштетување или дефект:
Не изложувајте ги слушалките на прекумерна
топлина
Не дозволувајте да ви паднат слушалките.
Слушалките не смеат да бидат изложени на капење
или прскање со вода.
Не дозволувајте вашите слушалки да бидат потопени
во вода.
Не користете било какви средства за чистење што
содржат алкохол, амонијак, бензен или абразиви.
Ако е потребно чистење користете мека крпа, по
потреба натопена во минимално количество на вода
или растворен благ сапун, за чистење на производот.
Интегрираната батерија не смее да биде изложена на
прекумерна топлина, како што е сончева светлина,
оган или слични нешта.
Замена на батеријата со неправилен тип, може да ја
поништи заштитата;
Фрлањето на батеријата во оган или жешка печка,
или механичко кршење или сечење на батеријата,
може да резултира со експлозија;
Оставањето на батеријата во средина со екстремно
висока температура може да резултира со експлозија
или истекување на запаллива течност или гас;
Изложувањето на батеријата на екстремно низок
воздушен притисок, може да резултира со експлозија
или истекување на запаллива течност или гас.
Никогаш не користете ги слушалките кога управувате
моторно возило, возите велосипед, трчате или
пешачите во области со сообраќај. На многу места
тоа е опасно и нелегално.
За работењето и температурите за складирање
и влажноста
Работна температура: 0°C (32°F) до 40°C
(104°F)
Температура на складирање: -10°C (14°F)
до 45°C (113°F)
Влажност при работа: 8% - 90% RH (без
кондензација)
Влажност при складирање: 5% - 90% RH
(без кондензација)
Максимална работна надморска
височина: 3000m
Работниот век на батеријата може да се
намали во услови на висока или ниска
температура.
Опасност
Внимание
MK