operation manual

Моите Bluetooth слушалки не се вклучуваат.
Нивото на батеријата е ниско. Наполнете ги
слушалките.
Не можам да ги спарам моите Bluetooth
слушалки со мојот Bluetooth уред.
Bluetooth-от е оневозможен. Овозможете ја
Bluetooth функцијата на вашиот Bluetooth уред
и вклучете го Bluetooth уредот пред да ги
вклучите слушалките.
Како повторно да го поставите спарувањето.
Притиснете/држете ги заедно копчето за
напојување + копчето за ANC во текот на
3 секунди, со отстрането USB напојување.
Ја слушам, но не можам да ја контролирам
музиката на мојот Bluetooth уред (на пр.
репродукција/пауза/прескокни напред/
прескокни назад).
Проверете дали Bluetooth аудио изворот
поддржува AVRCP (погледнете во ,Технички
податоци’ на страница 8).
Нивото на јачината на звукот на слушалките
е премногу ниско.
Некои Bluetooth уреди не можат да го поврзат
нивото на јачината на звукот со нивото на
јачината на звукот од слушалките, преку
синхронизацијата на јачината на звукот. Во тој
случај, морате независно да ја прилагодите
јачината на звукот на вашиот Bluetooth уред, за
да се постигне соодветната јачина на звукот.
Не може да се полни со друг USB кабел.
Производот не поддржува USB тип C до USB тип
C кабел за напојување.
Ве молиме секогаш користете го испорачаниот
USB кабел за полнење (USB тип A до USB тип C).
8 Најчесто
поставувани
прашања
Bluetooth уредот не може да ги пронајде
слушалките.
Слушалките се можеби поврзани со
претходно спарен уред. Исклучете го
поврзаниот уред или преместете го надвор
од опсегот.
Спарувањето можеби е повторно поставено
или слушалките биле претходно спарени со
друг уред. Повторно спарете ги слушалките
со Bluetooth уредот, како што е опишано во
прирачникот за корисникот. (погледнете во
,Спарете ги за прв пат слушалките со
вашиот Bluetooth уред’ на страница 6).
Моите Bluetooth слушалки се поврзани со
мобилен телефон со овозможен Bluetooth
стерео, но музиката може да се репродуцира
единствено на звучникот на мобилниот
телефон.
Погледнете во прирачникот за корисникот на
вашиот мобилен телефон. Изберете да ја
слушате музиката преку вашите слушалки.
Квалитетот на звукот е слаб и можно е да се
слушаат некои шумови.
Bluetooth уредот е надвор од опсегот.
Намалете го растојанието помеѓу вашите
слушалки и Bluetooth уредот, или
отстранете ги пречките кои се наоѓаат
помеѓу нив.
Наполнете ги вашите слушалки.
За понатамошна поддршка, посетете ја веб-страницата www.philips.com/support.
MK