User Guide

3МК
Избегнувајте да го удирате апаратот (особено влезот и
излезот за воздух) со тврди предмети�
Немојте да го користите апаратот во близина на плински
апарати, уреди за греење или камини�
Не поставувајте го апаратот директно под климатизер
за да спречите капење вода врз апаратот поради
кондензацијата�
Немојте да го користите апаратот ако сте користеле димни
средства против инсекти за внатрешна употреба или на
места каде што има остатоци од масло, запален темјан или
испарување на хемикалии�
Немојте да го користите апаратот во влажни опкружувања
или во опкружувања со висока амбиентална температура
како, на пример, во бања, тоалет или кујна или во
просторија со големи температурни промени�
Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер кога сакате да
го преместите, исчистите, наполните со вода и кога сакате
да го замените филтерот или да извршите одржување�
Немојте да го перете филтерот во машина за алишта или за
садови, во спротивно филтерот ќе се изобличи�
На филтерот може да се развијат бактерии и мувла
кога апаратот не се користи долго време� Исчистете
го резервоарот за вода и исушете го филтерот за
овлажнување� Проверете го филтерот пред да започнете
да го користите апаратот повторно� Ако филтерот е многу
нечист со темни дамки, заменете го�
Електромагнетниполиња(EMF)
Овој уред од Philips е усогласен со сите важечки стандарди и прописи што се
однесуваат на изложеноста на електромагнетни полиња�
Рециклирање
Овој симбол означува дека производот не смее да се фрла со обичниот
отпад од домаќинствата (2012/19/EU)�
Придржувајте се до законите во вашата земја за одделно собирање на
електричните и електронските производи� Правилното фрлање помага во
спречувањето на негативните последици по животната средина и човековото
здравје�