User Guide

1МК
1 Важно
Безбедност
Внимателно прочитајте го ова упатство за користење пред употребата на
апаратот и зачувајте го за во иднина�
Опасност
Немојте да прскате со запаливи материјали како што се
инсектициди или парфеми околу апаратот
Немојте да го чистите апаратот со вода, некоја друга
течност или (запалив) детергент за да се избегне опасност
од струен удар и/или пожар�
Водата во резервоарот не е за пиење� Немојте да ја пиете
оваа вода, немојте да ја давате на животни или да ја
користите за наводнување растенија� Истурајте ја водата во
одвод кога го празните резервоарот за вода�
Предупредување
Имајте предвид дека високите нивоа на влажност
може да поттикнат развој на биолошки организми во
опкружувањето�
Не дозволувајте површината околу овлажнувачот на воздух
да се навлажи или намокри� Ако се појави влага, намалете
ја јачината на овлажнувачот на воздух� Ако јачината на
овлажнувачот на воздух не може да се намали, користете го
овлажнувачот повремено� Не дозволувајте апсорбирачките
материјали, како што се ќилими, завеси, драперии или
чаршафи, да се навлажат
Никогаш не оставајте вода во резервоарот кога апаратот не
се користи�
Испразнете и исчистете го овлажнувачот на воздух пред да
го складирате� Исчистете го овлажнувачот на воздух пред
следната употреба�
Пред да го вклучите апаратот, проверете дали напонот
наведен на апаратот одговара на напонот на локалната
електрична мрежа�
Во случај на оштетување, кабелот за напојување треба да
го замени компанијата Philips, односно сервисен центар