operation manual

МК 9
4 Користење на
Саундбар
Овој дел ви помага да го користите
Саундбарот да репродуцирате аудио од
поврзани уреди.
Пред да започнете
Направете ги неопходните поврзувања
опишани во краткото упатство или
преземете го корисничкото упатство од
www.philips.com/support.
Префрлете го Саундбарот на точниот
извор за други уреди.
Прилагодување на
јачината на звук
1
Притиснете +/- (Јачина на звук) да го
зголемите или намалите нивото на јачина
на звук.
За да исклучите звук, притиснете .
За да го обновите звукот, притиснете
повторно или притиснете +/-
(Јачина на звук).
Индикатор на јачина на звук
Кога притискате јачина на звук+ за да ја
зголемите јачината на звук, индикаторот
на Саундбарот ќе трепка црвено, а
јачината на звук ќе се врати во нормала
откако ќе го достигне максимумот при
што индикаторот на Саундбарот ќе свети
непрекинато црвено за време од 2
секунди.
Кога притискате јачина на звук- за да ја
намалите јачината на звук, индикаторот
на Саундбарот ќе трепка црвено и
јачината на звук ќе се врати во нормала
откако ќе го достигне минимумот при
што индикаторот на Саундбарот ќе свети
непрекинато црвено за време од
2 секунди.
MP3 репродуктор
Поврзете го вашиот MP3 репродуктор да
репродуцира аудио датотеки или музика.
Што ви е потребно
MP3 репродуктор
3,5 мм стерео аудио кабел.
1
Со користење на 3,5 мм стерео аудио
кабел, поврзете го MP3 репродукторот
во AUDIO IN конекторот на вашиот
Саундбар
2
Притиснете AUDIO IN на далечинскиот
управувач.
3
Притиснете ги копчињата на MP3
репродукторот за да изберете и да
репродуцирате аудио датотеки или
музика.