User Guide

9
МАКЕДОНСКИ
Пред првото користење
1 Пред првото користење на апаратот темелно исчистете
ги сите делови што доаѓаат во допир со храната
(погледнете го поглавјето „Чистење“).
Забелешка
Проверете дали сите делови се потполно суви пред да го
користите апаратот.
Подготовка за употреба
1 Оставете врелите состојки да се оладат пред
обработката или ставете ги во високиот сад
(максимална температура од 80°C).
2 Пред обработката исечете ги големите состојки на
парчиња со големина од приближно 2 x 2 x 2 cm.
3 Правилно склопете го апаратот пред да го вметнете
приклучокот во ѕидниот штекер.
Забелешка
Секогаш потполно одмотувајте го кабелот за напојување пред
да го вклучите апаратот.
Пред употребата отстранете ја целата амбалажа и сите
етикети.
Користење на апаратот
Апаратот користете го за неговата предвидена намена во
домаќинството како што е опишано во ова упатство.
Внимание
Избегнувајте контакт со движечките делови. За да ја
спречите можноста за сериозни повреди на лица и/или
за оштетување на апаратот, држете ги рацете и прстите
подалеку од сечилата и немојте да ги ставате во садот додека
работи апаратот или кога апаратот е приклучен во штекер.
Рачен блендер
Рачниот блендер е наменет за:
- блендирање течности, на пример млечни производи,
сосови, овошни сокови, супи, мешани пијалаци и
шејкови.
- мешање меки состојки, на пример тесто за палачинки
или мајонез.