User Guide
5
МАКЕДОНСКИ
- Секогаш исклучувајте го апаратот од
напојувањето ако го оставате без надзор,
како и пред склопување, расклопување,
складирање или чистење.
- Пред првото користење на апаратот
темелно исчистете ги деловите кои
доаѓаат во допир со храната. Погледнете
ги упатствата и табелата за чистење во
прирачникот за корисници.
- Секогаш исклучувајте го уредот од
напојувањето пред да заменувате
додатоци или да се приближувате до
делови кои се движат при користењето.
Внимание
- Немојте да го користите апаратот со
кој било додаток подолго од 3 минути
без прекин. Оставете го апаратот да се
олади 15 минути пред да продолжите со
обработката.
- Ниту еден од додатоците не е наменет за
употреба во микробранова печка.
- Никогаш не користете додатоци или
делови од други производители, или кои
не се препорачани од Philips. Доколку
користите вакви додатоци или делови,
вашата гаранција ќе престане да важи.
- Моторот држете го подалеку од топлина,
оган, влага и нечистотии.
- Апаратот користете го само за неговата
предвидена намена како што е
прикажано во упатството за користење.










