User Guide

20
МАКЕДОНСКИ
8 Кога ќе завршите со матење, извлечете го приклучокот
од ѕидниот штекер.
Чистење
Внимание
Моторот, капакот на компактниот сечкач, капакот на XL-
сечкачот, единицата за поврзување маталки и единицата
за поврзување двојна метличка за матење немојте да ги
потопувате во вода или во некоја друга течност и немојте да
ги плакнете под млаз вода. Овие делови чистете ги со влажна
крпа. Сечилата на цилиндричниот блендер и заштитникот
може да се плакнат под млаз вода. Сите други додатоци
може да се перат во машина за садови.
За чистење на апаратот никогаш немојте да користите
сунѓерчиња за триење, абразивни средства за чистење или
агресивни течности како што се алкохолот, бензинот или
ацетонот.
1 Исклучете го апаратот од штекер.
2 Притиснете го копчето за отпуштање на моторот за да
го отстраните додатокот што сте го користеле.
3 Откачете го додатокот.
4 Погледнете ги табелите „Чистење“ за дополнителни
упатства.