User Guide

15
МАКЕДОНСКИ
8 Притиснете го копчето за отпуштање за да го откачите
моторот од капакот на сечкачот.
9 Внимателно отстранете ги капакот на сечкачот и
единицата со сечила (сл. 18).
10 Истурете ги исечканите состојки (сл. 19).
Маталка (само HR2543, HR2545)
Маталката е наменета за матење шлаг, белки од јајца,
десерти итн.
Совет
Доколку сакате да обработите мала количина, малку навалете
го садот за побрз резултат.
Кога матите белки од јајца, користете голем сад за да
постигнете најдобар резултат. За да постигнете добар
резултат, во садот и на алатката не смее да има маснотии, а во
белките од јајцата не смее да има жолчка.
За матење шлаг користете го високиот сад за да избегнете
прскање.
Забелешка
Немојте да ја користите маталката за подготовка на тесто или
смеса за торти.