User Guide
3
МАКЕДОНСКИ
Важно
Внимателно прочитајте го ова упатство за користење пред
да го користите апаратот и зачувајте го за во иднина.
Опасност
- Никогаш не потопувајте го моторот
во вода или некоја друга течност и не
плакнете го под чешма. За чистење на
моторот користете само влажна крпа.
Предупредување
- Пред да го вклучите апаратот, проверете
дали напонот наведен на апаратот
одговара на напонот на локалната
електрична мрежа.
- Немојте да го користите апаратот ако
приклучокот, кабелот за напојување
или некој друг дел е оштетен или има
видливи пукнатини.
- Во случај на оштетување, кабелот
за напојување мора да го замени
компанијата Philips, нејзин сервисер или
други лица со слични квалификации за
да се избегне опасност.
- Никогаш немојте да ги допирате
рабовите на единицата со сечила,
особено кога апаратот е приклучен во
напојување. Рабовите се многу остри.
- Никогаш немојте да ја употребувате
единицата со сечила на сечкачот без сад
за сечкање.
- За да избегнете прскање, секогаш
потопувајте го цилиндричниот
блендер, маталката (само одредени
модели) или двојната маталка (само
одредени модели) во состојките пред
да го вклучите апаратот, особено кога
обработувате врели состојки.










