User Guide
23
МАКЕДОНСКИ
Складирање
1 Лабаво замотајте го кабелот за напојување околу
долниот дел на моторот.
2 Складирајте го апаратот на ладно и суво место
подалеку од директна сончева светлина или друг извор
на топлина.
Рециклирање
- Овој симбол означува дека производот не смее да се
фрла со обичниот отпад од домаќинствата (2012/19/EU).
- Придржувајте се до законите во вашата земја за
посебно собирање на електричните и електронските
производи. Правилното фрлање помага во
спречувањето на негативните последици по животната
средина и човековото здравје.
Гаранција и поддршка
Доколку ви се потребни информации или поддршка,
посетете ја страницата www.philips.com/support или
прочитајте го посебниот меѓународен гарантен лист.
Решавање проблеми
Во ова поглавје се опишани најчестите проблеми со
кои може да се соочите при користење на апаратот.
Ако не можете да го решите проблемот со помош
на информациите наведени подолу, посетете ја веб-
страницата www.philips.com/support за да пронајдете
листа на најчести прашања или обратете се на центарот за
корисничка поддршка во вашата земја.
Проблем Решение
Апаратот е многу бучен, испушта
непријатен мирис, жежок е на
допир или испушта дим. Што
треба да направам?
Апаратот може да испушта непријатен мирис
или малку дим ако се користи предолго. Во тој
случај треба да го исклучите апаратот и да го
оставите да се лади 60 минути.
Може ли да се оштети апаратот
со обработка на многу тврди
состојки?
Да, апаратот може да се оштети ако
обработувате многу тврди состојки како што
се коски, овошје со коски или замрзнати
состојки.
Зошто апаратот одеднаш
престанува да работи?
Некои тврди состојки може да ја блокираат
единицата со сечила. Исклучете го апаратот
од штекер, откачете го моторот и внимателно
отстранете ги состојките што ја блокираат
единицата со сечила.










